fbpx

Michelin советува – со какви пневматици во лето?

Подолго време изборот на пневматици претставуваше едноставен процес - летни за летниот период и зимски за зимскиот период

Денес пневматиците (гумите) подобни за сите временски услови носат целосно нов опсег на можности, поради што не секогаш е лесно да се знае која е најдобрата опција за купувачите. Токму тука Michelin, чиј официјален увозник за Македонија е Мотоцентар, влегува во игра. Без разлика дали ќе одлучите да изберете летни или гуми за сите временски услови, Michelin ги нуди сите потребни информации со цел да ја донесете вистинската одлука.

Летни пневматици

Во Македонија, летните гyми без дилеми се најдобро познати. Дизајнирани да нудат оптимални перформанси на температури повисоки од 7 степени целзиусови, тие пружаат најдобри резултати на суви и влажни патишта и се особено корисни на места каде температурите често надминуваат 40 степени целзиусови на кратки или долги периоди.

Проблемот со овие гyми е тоа што гумата се зацврстува во моментот кога температурата ќе падне под 7 степени, правејќи ги помалку ефикасни во зима, особено на влажните коловози. Како резултат на ова, доколку одлучите да возите со летни гуми во студени зимски услови, тогаш се ставате во ризик. Ова е особено опасно ако се најдете во ситуација да возите на снег со летни гуми на вашето возило, поради тоа што сопирачката дистанца е генерално два пати поголема во однос на тоа да имате сертифицирани зимски гуми.

Пневматици за сите сезони

Овие гуми, кои се адекватни за сите четири годишни времиња, исто така се наречени и хибридни гyми, кои можат да се возат при температури од -10 степени целзиусови, подеднакво исто како и на 30 степени. Во што лежи нивната тајна?

Овие гуми ги комбинираат карактеристиките на летните и зимските гуми, овозможувајќи ви безбедно да возите на суви и влажни патишта, во лето и во зима, како и на снег. Ова е клучниот бенефит од гумите за сите годишни времиња, кои иако не се ефикасни како зимските гуми (кои остануваат без конкуренција најдобар избор за снежни услови), овие гуми гарантираат мобилност и безбедност во повеќето снежни околности.

Оваа предност, сепак, има и своја негативна страна. Кога температурите ќе се искачат над 7 степени, дури и најдобрите универзални гyми имаат нешто поголема сопирачка дистанца, како на сув, така и на влажен коловоз, во однос на летните гyми.

Перформансите на Michelin летните, зимските и универзалните пневматици

Michelin Primacy 4 и Pilot Sport 4 летните гyми имаат најдобри перформанси на суви и влажни патишта за време на топлите денови. Двата модели имаат одличен животен век, како и што може да се очекува од Michelin брендот.

Michelin CrossClimate+ гумите се погодни за сите годишни времиња кои имаат добри перформанси и во зима и во лето, дури и во снежни услови. Нивната издржливост е со истите стандарди како кај летните гуми, што ги прави лидер во оваа категорија.

На крајот, Michelin Alpin 6 и Michelin Pilot Alpin 5 зимските гyми се најдобрите гуми за неповолното зимско време, вклучително и снежни и замрзнати патишта.

Колку чини да се опреми возилото со пневматици за летниот период?

Без оглед на тоа дали возите караван, седан, електричен, спортски, 4×4 или SUV модел, изборот на вистинските гyми за летниот период е есенцијален. Трошокот зависи од големината на вашето возило и типот на летните гyми кои ги сакате. На пример, Michelin Primacy 4 гумата, достапна во 104 димензии (од 15 до 20 инчи) има почетна цена од 68 евра, или околу 4.200 денари. Оваа летна гyма е опремена со Evergrip технологија за да се обезбеди одлични резултати при сопирање на влажни коловози, дури и по подолго користење, без да се компромитира нејзината издржливост.

гуми

За разлика од летните гуми, гумите за сите четири годишни времиња можат да се користат безбедно во зима, фактор кој се рефлектира во нивната повисока цена. Сепак, да го опремите вашето возило со универзални гуми е поевтина опција отколку да купувате сет летни и зимски гyми. Достапни во 50 големини, Michelin CrossClimate+ универзалните гуми се достапни за 73 евра или околу 4.500 денари. Покрај издржливоста, овие гуми ги комбинираат технологиите од летните и зимските гуми со цел да се понуди ниво на перформанси и безбедност во сите временски услови. Нивната хибридна природа ги прави да бидат економични на долг период.

Се надеваме дека колку-толку успеавме да ви помогнеме и да ги разрешиме вашите дилеми. Во секој случај, за повеќе информации посетете го продажниот салон на Мотоцентар, или нивниот официјален веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button