fbpx

Електрични Microlino- современа Isetta

Швајцарската компанија Micro Mobility Systems произведува различни скутери, вклучувајќи и електрични, од 1999 година

Во 2015 основачот на фирмата, Вим Оуботер, заедно со своите синови Оливер и Мерлин одлучија да дизајнираат микрокар, земајќи го за база историскиот модел BMW Isetta.

Првиот прототип го доби името Microlino и беше направен во Кина, а го претставија на салонот во Женева во 2016 година. Веднаш потоа почнаа да добиваат пред нарачки и брзо најдоа партнер за сериско производство италијанскиот холдинг Tazzari. Машината веќе може да се нарача и е со димензии: долга 2,43 метри, широка 1,5 метри и со тежина околу 450 килограми.

Новината, не ја копира старата германска машина само по идејата за влегување во предниот дел, туку и за мекиот преклоплив покрив. Microlino е со кинеска гума Rotalla Setula E-Pace RH02 со димензии 145/70 R13. Според техничкиот опис, Microlino оди во категоријата L7 (квадрицикл). Волуменот на багажникот кај двосед конфигурацијата достигнува 300 литри, но може да се нарача и втор ред седишта за мали деца.

Microlino

Моќноста на електричниот мотор е 15 kW (20,4 КС, 110 Nm). До 50 km/h Microlino забрзува за пет секунди. Максималната брзина е разумно ограничена на 90 km/h. Капацитетот на литиум- желeзофосфатниот акумулатор може да се избира во две варијанти- 8 kWh и автономија од 120 километри, или 14,4 kWh и 215 километри. Цената започнува од 12,000 евра и веќе има 4.500 нарачки.

Поврзани вести

Back to top button