fbpx

Mini го претстави новиот Cooper EV

Mini го претстави новиот електричен Cooper кој пристигнува во E и SE варијанти со променет дизајн на екстериерот и ентериерот

Целосно новиот електричен Mini Cooper ја доживеа својата премиера. Моделот ќе го забележи своето деби во јавноста на IAA 2023 во Минхен на 5 септември, а хечбекот со три врати на британскиот бренд во сопственост на BMW со електричен погон официјално ќе го носи името Mini Cooper и ќе биде достапен во две верзии: Mini Cooper E и Mini Cooper SE.

Софистицираниот ремонт на дизајнот, посветената архитектура на ЕВ и брилијантното спојување на старото и новото го прават новиот Mini да изгледа како да е прескокната цела една генерација.

Mini Cooper

Промена ќе има и кај името. Така, во иднина, Mini хечбекот ќе биде познат како Cooper, име што претходно се применуваше само за одредени верзии на хечбекот на повеќето пазари. Но, другите автомобили во линијата Mini исто така ќе го користат името Cooper кога ќе се избере верзијата JCW (John Cooper Works).

Добрата вест за оние кои се сосема задоволни со актуелниот Mini хечбек со погон на согорување е дека тој ќе живее заедно со новиот ЕВ произведен во Кина по што ќе следува благо освежување, иако досега BMW ја откри само електричната верзија.

Mini Cooper

Опсег на движење до 400 километри

Cooper EV доаѓа во две конфигурации, и двете со погон на предните тркала и двете имаат повеќе сила од Cooper и Cooper S со внатрешно согорување. Во подножјето на опсегот е Cooper E, чиј единечен мотор создава 184 КС и 290 Nm вртежен момент, кој може да достигне од место до „стотка“ за 7,3 секунди и да помине 305 километри со целосно полнење на неговата батерија од 40,7 kWh. Актуелниот електричен Mini Cooper SE се совпаѓа според моќноста и перформансите, но неговиот опсег 233 км изгледа слаб во споредба со новиот.

Кај Cooper SE единечниот мотор на Mini ќе произведува 218 КС и 330 Nm, времето на спринт се намалува на 6,7 секунди, а поголемата батерија од 54,2 kWh го зголемува опсегот на 400 км. SE, исто така, добива побрза стапка на полнење (95 kW наспроти 75 kW), иако е сè уште бавен во апсолутни вредности, а неговата поголема батерија значи дека и на двете им требаат исти 30 минути за да се наполнат од 10 до 80 проценти. Алтернативно, можете да поврзете напојување со наизменична струја од 11 kW.

Многу повеќе BMW

Никогаш нема да го помешате новиот Cooper со ништо друго освен Mini. Но, ова е многу позрел, софистициран Mini, кој се оддалечува од дрскиот ретро шаблон за да испорача нешто со многу поголема премиум атмосфера.

Има повеќе прави линии и поголем акцент на обоените метални површини отколку пластични додатоци или хромирани украси. Ова не е Mini кое сите го познаваа, туку повеќе личи на мини BMW.

Решетката не се разликува премногу од онаа на стариот електричен Cooper SE, но широката хауба, со подигнатиот средишен дел, предните фарови и новите задни светла во форма на триаголник придонесуваат за посилен, повозрасен изглед кој подобро се совпаѓа со опционалните тркала од 17 или 18 инчи отколку со стандардните 16-инчни.

Микс на модерно и ретро во кабината

Со оглед на различниот изглед на екстериерот, јасно е дека е потребно подеднакво радикална промена на ентериерот, а дизајнерскиот тим воопшто не разочара. Додека надворешниот стил се оддалечи од своите ретро корени, кабината отиде на другата страна, паметно користејќи модерна технологија за да вдахне нов живот во класичните дизајнерски елементи како што е препознатливиот централниот екран на допир кој е обликуван како брзинометарот на оригиналниот Mini од 1959.

За прв пат новиот Mini добива целосно кружен OLED екран на допир кој е единствениот физички дисплеј на поедноставената контролна табла чијшто хоризонтален отвор за воздух и овална табла со прекинувачи исто така е инспирирана од оригиналниот Mini.

BMW додаде опционален head-up дисплеј кој ги дава сите информации што вообичаено би ги очекувале на дигиталниот инструмент кластер без да ја наруши едноставноста на стилската контролна табла. Со цел да го намали физичкото управување со екранот, новиот Cooper доаѓа со интелигентен личен асистент со гласовни команди, чиј аватар може да има форма на Mini или куче по име Спајк.

Четири нивоа, седум режими

Покрај неговите две погонски опции, новиот Cooper доаѓа со избор од четири нивоа на опрема. Essential Trim е почетен и има црни спортски седишта, едноставна текстилна лента на контролната табла и сребрена облога и внатре и надвор, каде што е дизајниран да направи контраст со црната решетка. По него следува Classic Trim, кој добива двобојна текстилна ткаенина за вратите и контролната табла, волан со три наместо со два краци и тапацир од синтетичка кожа.

Favoured Trim нуди двобојна шара на контролната табла и ткаенината на вратите, плус перфорирани спортски седишта Vescin и сребрена решетка, додека на врвот од понудата се наоѓа JCW кој ги претвора работите за нијанса потемни. Доаѓа со црвени шевови за неговите црни спортски седишта од вештачка кожа, сјајно црна решетка и поагресивни предни и задни браници кои може да се нагласат со избор на Chili Red покрив или црни ленти на хаубата.

Но, тука не завршуваат можностите за промена на карактерот, бидејќи возачите исто така можат да избираат од седум режими на возење. Трите главни режими – Core, Green и Go-Kart – ви дозволуваат да го прилагодите одговорот на гасот, нивото на регенерација, синтетизиран саундтрак и изгледот на екранот за инфозабава, додека уште четири (Balance, Timeless, Personal и Vivid) ви дозволуваат да копате подлабоко во персонализацијата, дури и додавање на сопствени слики на екранот.

Mini не ги откри цените за новиот Cooper, но можеме да очекуваме да слушнеме повеќе кога автомобилите ќе го имаат своето јавно деби на автосалонот во Минхен следната недела.

Поврзани вести

Back to top button