ВОЗЕВМЕМАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Мини-тест: „Малиот“ и агресивен ST-line

Викендов скопјани добија прекрасна можност да бидат дел од тест возењето на едни од најпривлечните варијанти на новиот заводник од Ц-класата.

Ми-Да Гранд Моторс овој викенд беше организатор на еден мал настан кој имаше за цел да не запознае подобро со својот нов модел, шармантниот Ford Focus. Пред влезот на шопинг центарот City Mall, имавме прилика да ја видиме новата генерација на Focus во изведбите Titanium Business, Vignale, како и ST-Line. Исто така имавме можност да се дружиме и со моделите кои се дел од промотивните кампањи на Ми-Да, како Ford C-MAX.

Овие возила веќе ги имавме сретнато на официјалната премиера во Ница, па така веќе ни беа прилично добро познати. Во соработка со овој импортер, нашиот тим имаше ексклузивна прилика да помине малку повеќе време со спортската изведба, односно Focus ST-line.

st-line

 

Со своите скромни црни детали кои се протегаат по каросериската сина боја, како и LED технологијата во предните и задните фарови со која обезбедува карактеристичен светлосен потпис, новиот ST-line изгледа супериорно.

Филозофијата на дизајнот од екстериерот се пренесува и во ентериерот, па така добиваме една пријатна средина со силно чувство за квалитет, постигнат со поедноставени, чисти линии, експресивен приод, врвни материјали и непречено интегрирани површини. Еден од поинтересните гаџети кај овој модел кој исто така претставува и новитет, е Head Up дисплејот кој овозможува уште поинтересно чувство при управување со возилото.

st-line

Што се однесува до перформансите, овој ST-line беше прилично интересен и возбудлив за управување. Малата и брза ѕверка беше опремена со 1,5 литарскиот EcoBoost агрегат, кој претставува три цилиндарски бензински мотор. И покрај скептичноста на тема „спортски автомобил со три цилиндарски мотор“, овој модел беше прилично убедлив во тоа дека и со ваков агрегат се достигнуваат посакуваните перформанси. Со моќност од 182 коњски сили, забрзувањето од 0-100 km/h е за одлични 8,3 секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close