fbpx

Возевме: Ford Focus – радикални промени!

Во околината на Ница, на патиштата по Азурниот брег, имавме прилика да се запонаеме со новиот Ford Focus, на кој рака на срце креаторите посветиле многу внимание

Проектиран од нула, целосно новиот Ford Focus воведува нова ера во технологијата, удобноста, просторот и уживањето при возењето за европските сопственици на компактни автомобили. Новиот дизајн фокусиран врз новиот изглед на палетата го вклучува првиот Focus Active Crossover и премиум изведбата Focus Vignale.

Во околината на Ница, на патиштата по Азурниот брег, како и оние во блиските ридови имавме прилика да се запонаеме со новиот Focus, на кој рака на срце креаторите посветиле многу внимание, па видливи се разликите со претходниците. По барање на клиентите целосно новата четврта генерација на Focus е развиена „од корен“, за да обезбеди најинспиративно, интуитивно и несекојдневно задоволство за возачите и искуство за патниците, во споредба со кој и да е друг компактен семеен автомобил во Европа. Focus претставува нова филозофија на дизајнот, со фокус на клиентот, кој комбинира емоционален надворешен стил со водечка во класата аеродинамика (0,25) и нуди простран ентериер во комбинација со високо квалитетни материјали и изработка. Претставен во верзии со 4 и 5 врати, како и караван, разнобразната палета на Focus досега се нуди во ексклузивни верзии кои одговараат на широкиот спектар на барања на клиентите на компактни автомобили, вклучувајќи ги стилските Focus Trend и Titanium, спортскиот Focus ST-Line, премиум Focus Vignale и првиот Focus Active Crossover. Целосно новиот Focus е првиот глобален автомобил базиран на новата C2 платформа на Ford, дизајниран да го подобри однесувањето на возилото при судир, да обезбеди повеќе внатрешен простор за компактните модели на Ford, без тоа да влијае негативно на надворешните димензии.
Синиот овал продаде речиси 7 милиони компактни автомобили во Европа и над 16 милиони во светот од воведувањето на револуционерната прва генерација во 1998 година. Што значи дека компактот точно две децении ги освојува срцата на фановите на брендот и време беше да се понуди нешто сосема ново.

Новиот Ford Focus

Дизајн фокусиран на личноста

Новиот Ford Focus ја одбележува еволуцијата на дизајнот на Ford. Создаден да обезбедува искуство за корисникот при секоја интеракција, новата филозофијата на „дизајнот со фокус врз личноста“ обединува експресивни форми со функционални карактеристики, ориентирани кон клиентот. Карактеристичната нова силуета се постигнува главно преку симнување на А-носачот поназад, со избалансирана пропорционалнот во средишниот дел, како облини на С-носачот поставен веднаш над задните тркала. Како резултат на тоа имаме поиздолжена хауба и помасивен преден браник, во комбинација со изразеното намалување на рабовите на средната линија, па компактот изгледа помоќен и поелегантен, а не недостасува и спортскиот карактер на возилото.
Зголемувањето на меѓуоскиното растојание за 53 милиметри прави можно користење на поголеми гуми, овозможувајќи им на тркалата да бидат распоредени повисоко во страничниот профил и го намалува чувството за должина и визуелна маса. Поиздолжениот браник позади и поставеноста на каросерија поназад создаваат впечаток за зголемена компактност. Задните светла веќе се составени од два дела, овозможувајќи функционално отворање на капакот на багажникот, а LED технологија обезбедуваат карактеристичен светлосен потпис дење и ноќе. Натписот Focus е напишан гордо со одделни букви меѓу задните светла, нагласувајќи првокласната изработка на задниот дел на возилото.

Новиот Ford Focus

Филозофијата на дизајнот од екстериерот се пренесува и во ентериерот, кој нуди пријатна средина со силно чувство за квалитет, постигнат со поедноставени, чисти линии, експресивен приод, врвни материјали и непречено интегрирани површини. Предните врати веќе преминуваат непречено зад инструмент таблата за визуелно простран ефект со чувство за луксуз. Горниот дел на инструмент таблата и внатрешниот дел на вратите се изработени од меки на допир материјали. Патниците на предните седишта можат да уживаат во простор за рамената од 1.421 mm. И за патниците на задните седишта е обезбедено повеќе простор поради поголемата база и рамен под. Просторот за колената е повеќе за 50 mm во споредба со претходниот Focus, па сега изнесува 81 mm. Рамниот простор е зголемен за речиси 60 mm. Чувството на просторност е зголемено благодарение на дизајнот на задните врати, вклучувајќи стакла кои се протегаат кон задните носачи.

Технологии кои инспирираат доверба

Целосно новиот Focus воведува поширок спектар напредни функции од било кој друг автомобил Ford досега. Напредните технологии Ford Co-Pilot360 ја подобруваат заштитата, управувањето и паркирањето и се дизајнирани да го направат возењето поудобно, полесно и побезбедно. Функциите адаптивна контрола на крстарење со систем Stop & Go, препознавање на сообраќајните знаци за брзина и систем за одржување на автомобилот во лентата му помагаат на автомобилот да го задржи растојание од возилата напред, а помагаат за намалување на стресот за време на долгите патувања. Новата функција Stop&Go овозможува со адаптивниот круз-контрол да го сопре возилото целосно во густ сообраќај, да користи до 50% од целата сила на сопирање и автоматски да тргне ако времетраењето на прекинот е помало од 3 секунди. При прекин за повеќе од 3 секунди, возачот може да притисне копче на воланот или благо да притисне педалот за гас за вози.

Приспособливите фарови на Ford со вртење на светлата во свиоци и препознавање на сообраќајните знаци за првпат го регулираат снопот за максимална видливост пред пристигнување на обична или кружна раскрсница. Системот користи предна камера, за да ја следи ознаката на патот до 65 метри напред, овозможувајќи им на светлината од фаровите да биде насочена кон свиокот однапред за подобра прегледност при приближување, наместо да се потпира целосно на командите на воланот. Патентираната од Ford интеграција на можноста за препознавање на сообраќајните знаци за оптимизирање на зракот на фаровите овозможува снопот да биде проширен за да ги осветлува подобро опасностите кои не се во насока на движењето.
Технологијата Ford MyKey им овозможува на сопствениците да програмираат клуч за млади возачи, кој забранува дојдовни телефонски повици, ограничува максималната брзина, спречува исклучувањето на функциите за безбедност и во помош на возачот, го намалува максималната гласност на аудио системот и целосно ја деактивира во во случај патниците да не ги имаат инсталирано безбедносните ремени.

Новиот Ford Focus

Сигурен и одговорен

Системот SLA го овозможува посакуваниот баланс за непречено надминување на големи удари меѓу предниот и задниот дел и за полесно возење. Обвивките од мешани материјали имаат различна цврстина, кога се оптоварени во различни насоки. Единствена геометрија на SLA за карван модификациите на Focus ја репозиционира амортизацијата, помагајќи на автомобилот да остане динамичен, дури со полн багажник. Исто така постои и конфигурација на суспензија на лесен торзионен сноп, усовршена за да се обезбеди карактеристичен карактер и динамичност на клиентите на патот. Напредната патентирана од Ford технологија за пружини со векторски распределба на силата која обезбедува одзив, извонредно однесување на патот ја среќаваме и кај новиот компакт. Технологијата помага исто за намалување на ефектот при возење по дупки, го „засекува“ работ на дупката и ја прилагодува амортизацијата, па тркалото да не пропаѓа прениско во неа. Задната суспензија може да реагира уште побрзо со сигнал од предното тркало што го предупредува задното тркало пред да стигне до дупката. Новиот CCD исто така ги поддржува режимите на возење: Normal, Sport и Eco, кои се нудат за прв пат кај Focus, овозможувајќи им на возачите да регулираат реакциите на педалот за гас, 8-степениот автоматски менувач, електронското серво управување. Кога е опремен со CCD, Focus исто така нуди режими за возење Comfort и Eco-Comfort и ја прилагодува суспензијата за нив. Новиот систем EPAS, кој е монтиран на управувачкиот столб, е нов софтвер кој обезбедува уште повеќе интуитивно и извонредно управување,.
Уредите можат да останат поврзани преку Bluetooth до системот на Ford за комуникација и забава SYNC 3, додека се полнат безжично. Поддржана од 8-инчен колор екран на допир, кој може да се користи со гестови е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto. Новиот аудио систем B&O PLAY им помага на патниците да извлечат максимум од музиката, со 675 ватен систем и 10 звучника, вклучувајќи 140 mm сабвуфер, монтиран во багажникот и звучник за средни фреквенции во центарот на таблата со инструменти и е калибриран специјално за верзиите на Focus со 5 врати и караван за едно од најдобрите доживувања во било кој автомобил, особено за компактен хечбек.

Новиот Ford Focus

Моќ по ваш избор

Клиентите на целосно новиот Focus можат да избираат од високата гама бензински EcoBoost и дизел EcoBlue мотори на Ford кои обезбедуваат оптимизирана моќност и одговараат на најновите строги барања на стандардот за емисија Euro 6, пресметани преку WLTP. Еден од најдобрите агрегати на денешницата 1.0-литарски EcoBoost мотор на Ford доаѓа со капацитет од 85 КС, 100 КС и 125 КС, а новиот 1.5-литарски EcoBoost доаѓа со 150 КС и 182 КС. Економичноста на горивото и ниските CO2 емисии и кај двата бензински мотори се подобрени со помош на првиот во индустријата систем на Ford за деактивирање на еден од цилиндрите.
Новите напредни дизел EcoBlue мотори на Ford со турбополначи се дизајнирани да обезбедат поголема моќност, поголем вртежен момент при ниски вртежи во минута и подобрена економичност на гориво и рафинираост за возачите кои возат на поголеми далечини. Новиот 1,5-литарски EcoBlue е достапен со капацитет од 95 КС и 120 КС, а во двете верзии вртежниот момент е 300 Nm. Оној 2.0-литарскиот EcoBlue нуди моќност од 150 КС, како и 370 Nm вртежен момент. Целосно новиот Focus обезбедува подобрување на економичноста на гориво и CO2 емисиите од 10% во целиот спектар.

Новиот Ford Focus

Галерија

Поврзани вести

Back to top button