fbpx

MINI работи на својот втор електричен модел?

На крајот на 2019 година британската марка MINI ќе го понуди својот прв сериски електромобил

Тој ќе се вика MINI E, а според најавите и намерите на BMW Group, компанијата ќе започне да нуди само автомобили на струја на некои пазари, па подготвува и други новитети на ова поле.

Првиот од нив ќе биде во САД, а вториот најверојатно оној во Кина. Изданието Insideev открива дека новите еколошки стандарди ќе ги натера MINI да тргнат токму во оваа насока. И бидејки локалното законодавство сеуште не дозволува исполнет увоз на автомобили на струја во земјата, BMW Group преговара со Great Wall Motors за создавање на мешовито претпријатие во земјата.

Токму од него ќе се произведува и новиот модел, но се уште не е јасно што ќе претставува тој. На автосалонот во Франкфурт, MINI го претстави концептниот Electric Concept, кој може да се пофали со аеродинамични елементи на предните тркала, напечатени на 3D-печатач, како и со погон подготвен за автономија од 400 километри.

MINI

Само пред еден месец Британците покажаа на автосалонот во Њујорк уште еден електричен концепт. Тој е направен целосно во стилот на класичен модели Cooper кои го вивна брендот во легендите. Токму за него се пројави невиден интерес кај фановите, па во BMW се вклучени тимовите за ова остварување веќе да се најде во развојните лаборатории.

Генерално продажбата на MINI во Европа оди многу добро, за минатата година компанијата реализира на континентот 215.549 нови автомобили. Но, во САД резултатот е 47.102, што е помалку од 2016 година, па тоа е една од причините за идејата на BMW да продава само електрични автомобили на MINI зад Океанот.

Поврзани вести

Back to top button