fbpx

Mitsubishi го откри дизајнот на новиот Outlander PHEV

По серијата тизери, Mitsubishi го откри дизајнот на ентериерот и екстериерот на plug-in хибридната варијанта од новиот Outlander

Новиот Mitsubishi Outlander PHEV (plug-in хибрид), ќе ја забележи својата премиера кон крајот на месецов, а во пресрет на истата, јапонскиот производител објави неколку фотографии со кои го прикажува изгледот на надворешноста и внатрешноста.

Како што може да се забележи од официјалните фотографии и како што може да се очекува, Outlander PHEV изгледа речиси идентично како и конвенционалната варијанта, со исклучок на специјалните беџови на предните седишта и задната врата, како и додатокот на порт за полнење на батеријата.

Outlander PHEV

468-сантиметри долгиот Outlander PHEV е поставен на 20-инчни тркала од лесна легура и ја добива препознатливата Dynamic Shield предница со двојни фарови и решетка со хромирани елементи. Палетата на бои е сочинета од 10 бои вклучително и Red Diamond, White Diamond и Black Diamond, додека покривот во прикажаниот примерок е офарбан во црна боја.

Во внатрешноста, 12,3-инчниот дигитален инструмент кластер и 9-инчниот инфозабавен екран на допир добиваат специјални графики со нагласок на plug-in хибридната природа на моделот. Покрај тоа што се прикажани податоците за батеријата, електрифицираниот Outlander пристигнува стандардно со три реда на седишта на јапонскиот пазар, а деталите за Европа ќе бидат познати подоцна.

Mitsubishi допрва треба да ги потврди спецификациите на plug-in хибридниот погон кој ќе комбинира бензински мотор со два електромотори и поголема батерија во однос на својот претходник. Новиот модел исто така ќе добие и унапредена верзија на Super-All Wheel Control системот кој нуди унапредена управливост и безбедност во сите временски услови, плус седум возачки режими, вклучително и Power за максимално забрзување и Eco oза поголема ефикасност.

По премиерата која ќе се одржи на 28 октомври, Mitsubishi Outlander PHEV ќе дебитира на јапонскиот пазар кон средината на декември, а во Европа ќе пристигне во 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button