fbpx

Mitsubishi Македонија е најуспешниот во Европа

Генералниот дистрибутер на брендот Mitsubishi во нашата држава, компанијата Мак Аутостар, официјално е најдобриот дистрибутер во Европа

Компанијата Мак Аутостар, која е генерален дистрибутер на брендот Mitsubishi во Македонија, официјално е прогласена за најдобар дистрибутер на овој бренд во Европа за 2020 година.

Имено, овие податоци се однесуваат на постигнатите резултати од учеството во продажбата на локалниот пазар.
Mitsubishi Македонија, односно компанијата Мак Аутостар забележа учество во продажбата на македонскиот пазар на нови возила со околу 2,7 проценти, Mitsubishi исто така е еден од најпродаваните автомобилски брендови и во Македонија.

Во Европа, веднаш зад нашата држава, Mitsubishi најмногу се продава во Норвешка, Исланд, Финска, Германија, Шведска итн. Двата модели на Mitsubishi, ASX и Space Star, во споредба со сите останати земји во Европа, најголема продажба забележале токму во нашата држава.

Mitsubishi

„Минатата година беше исклучително ризична поради пандемијата. Сепак многу податоци укажуваа дека Ковид ситуацијата ќе биде долготрајна, што значеше и барање начини за намалување на притисокот врз економијјата. Исто така, во Македонија пресудни беа и комплексните, социо-психолошки фактори на купувањето, што подоцна сето тоа се покажа како точно. Воедно, би сакал да се заблагодарам на купувачите, бидејќи без нивната доверба, немаше да го постигнеме овој бизнис успех“, изјави директорот на Mitsubiѕhi за Македонија, Владица Кокаловиќ.

Поврзани вести

Back to top button