Следниот Mitsubishi Mirage може да се заснова на Renault Clio
Mitsubishi подготвува сериозна моделска офанзива, а во наредните неколку години се планираат вкупно 11 нови модели, каде поголем дел од нив ќе бидат од SUV сегментот.
Едно од најголемите разочарувања во однос на продажбата на брендот, малиот Mitsubishi Mirage, наскоро ќе добие сосема нова генерација, а медиумите најавуваат дека таа ќе се базира на Renault Clio. Причината за сродството е повеќе од логична, поради фактот што Mitsubishi е дел од корпорацијата Renault-Nissan.
Mitsubishi Mirage
Јапонците ќе имаат корист од се повеќе технологии од останатите две марки, а Mirage ќе биде еден од првите примери за тоа. Со заедничката архитектура ќе дојдат и моторите, односно Mirage најверојатно ќе се здобие со 0.9-литарскиот турбо бензински агрегат на Renault.