ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Mitsubishi нема да ги претвори Lancer и Mirage во кросовери

По пристапувањето на Mitsubishi кон Алијансата Renault-Nissan во 2016 година обновувањето на моделската гама на јапонскиот производител се забави сериозно, а иднината на основни модели на брендот се уште е нејасна

Двајца претставници, Lancer и Mirage, се очекуваше да добијат преработки со цел да се одговори на зголемената побарувачка на пазарот за SUV модели, но тоа нема да биде случај. Потпретседателот на Mitsubishi Motors Corporation – Винсент Коби, кој е одговорен за стратегијата на производство, објасни дека двата модела ќе добијат наследници и ќе преминат на платформите CMF-С и CMF-В на Алијансата Renault-Nissan. Според врвниот менаџер, и покрај зголемениот интерес за кросовери и SUV, тие нема да ги заменат останатите автомобили.

„Во текот на следната деценија, глобалниот пазар на нови автомобили се очекува да достигне 110-115 милиони единици годишно, а 40-50 милиони ќе бидат, како и досега, стандардни автомобили. Ова значи дека дури и во овој конзервативен сегмент ќе има многу работа за производителите“, објасни Коби.

Mitsubishi

 

Кога станува збор за новите Lancer и Mirage, сè уште не е јасно кога ќе ги видиме нивните наследници. Десеттата генерација на Лансер е достапна уште од 2007 година и се уште сепродава на некои пазари. За возврат, шестата генерација на Mirage се произведува од 2012 година, а достапна е и во САД, каде што оваа година интересот за неа дури скокна со 4,4%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close