fbpx

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Јапонскиот производител Mitsubishi ја започна тизер кампањата за освежениот Eclipse Cross

Mitsubishi Eclipse Cross треба да дебитира до крајот на март следната година, а компактниот кросовер купе ќе пристигне со ревидиран стајлинг, инспириран од e-Evolution концептот од 2017 година, со „радикално променет преден и заден дизајн“, велат од Mitsubishi.

„Новиот дизајн влече инспирација од Mitsubishi e-Evolution концептот, нагласувајќи ги моќта и динамиката од нашето SUV наследство, притоа засилувајќи ја чистината и елеганцијата на SUV моделите со купе изглед. Eclipse Cross е првиот чекор кон новата генерација на Mitsubishi Design, а пристигнува уште многу повеќе“, изјави дизајнерскиот шеф на компанијата Сеиџи Ватанабе.

Шпиунските фотографии кои се појавија претходно индицираат на присуство на нов преден браник, освежена предна решетка и магленки, додека на задниот дел забележлив е почистиот стајлинг. Задните светла исто така се дел од унапредувањата, како и задниот браник и веројатно страничните прагови.

Покрај визуелните промени, Mitsubishi Eclipse Cross ќе му се приклучи на Outlander PHEV како втор plug-in хибриден SUV на компанијата. Деталите околу погонот допрва треба да бидат објавени, но Mitsubishi истакна дека истиот ќе биде лансиран на одредени пазари.

Од друга страна, опсегот на моторни единици од актуелниот модел би требало да биде задржан, со тоа што Европа ќе го добие 1,5-литарскиот турбо бензинец и веројатно 2,2-литарскиот турбо дизел.

Поврзани вести

Back to top button