fbpx

Mitsubishi со тизери го најави освежениот Outlander

Јапонската компанија Mitsubishi одлучи да го освежи својот plug-in хибриден Outlander SUV, а сега ги објави првите тизер фотографии

Mitsubishi започнува со својата тизер кампања за редизајнираниот Mitsubishi Outlander plug-in хибрид, а јапонскиот производител сега сподели и нови детали за престојниот модел.

Иако не се споделени голем број конкретни детали, од Mitsubishi потврдија дека plug-in хибридниот кросовер ќе добие еволуирана верзија на нивниот Super-All Wheel Control системот, кој ветува дека ќе добие „побезбедно и поудобно возење во различни временски и патни услови“.

Mitsubishi Outlander PHEV

Покрај ова, моделот ќе биде опремен со систем за погон на сите четири тркала со два електромотори, еден на предната, а еден на задната оска. Mitsubishi вели дека оваа постапка ќе им овозможи да ги искористат предностите на нивната каркактеристична респонзивност, истовремено овозможувајќи оптимална распределба на моќноста меѓу предните и задните тркала според условите на патот и возењето.

Од Mitsubishi исто така истакнуваат дека комбинацијата на системи ќе овозможи унапредено маневрирање, подобро влегување во свиоците и засилено сопирање. Кога станува збор за последното, компанијата истакна дека унапредениот S-AWC систем додава уникатен систем за контрола на сопирањето за задните тркала и дека „ова го намалува оптоварувањето на предните тркала“ додека истовремено „овозможува да се извлечат максималните перформанси од сите четири тркала на многу поизбалансиран начин“. Исто така, ветува и управливост која е многу пореална со намерите на возачот.

На крајот, Mitsubishi потврди дека Outlander PHEV ќе има седум различни возачки режими, вклучувајќи ги и традиционалните Normal, Gravel и Snow. На нив ќе им се приклучи и Power режимот кој се фокусира на забрзувањето, како и Eco режимот, кој е насочен кон еколошкото возење. Компанијата одби да открие кои се последните два режими, но многу веројатно е еден од нив да биде EV режим.

Компанијата ги држи останатите детали во тајност, но потврди дека кросоверот ќе биде лансиран во Јапонија пред крајот на март 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button