fbpx

Modulo Style нова подмарка на Honda

Новата марка Modulo Style ќе биде одговорна за дизајнот, односно сериските модели на Honda ќе можат да се трансформираат надворешно, но во помодерен и префинет стил

Првиот модел со амблем на подмарката ќе биде Fit, познат на европскиот пазар како Jazz. Во Јапонија, Honda веќе има еден подбренд – Modulo X. Под него се продаваат додатоци во спортски стил. Пакетите на Modulo X се достапни за вановите WGN и Freed, како и S660. Ова не е сосема нова работа, досега Honda има објавено неколку слики од Fit Modulo Style, а премиерата на автомобилот ќе се одржи подоцна оваа година.

Моделот доби нова маска (горниот и долниот дел сега се визуелно обединети) и LED ленти на дневните светла. Покрај тоа, хечбекот има и нови дискови. Сé уште не е јасно дали и во внатрешноста на Fit Modulo Style се променило нешто. Минатата година хечбекот на Honda имаше мало дотерување, надворешноста беше освежена, користени се нови материјали.

Modulo Style

Во Јапонија петвратната изведба се нуди со четири атмосферски мотори со зафатнина од 1.3 литри (100 КС) и 1.5 (132 КС), кои работат во комбинација со рачен менувач или вариаторна технологија. Исто така има и хибриден Fit со 1.3-литарски мотор од 110 КС и електомотор од 30 коњи кои работат во комбинација со менувач со двојна спојка со 7 брзини. Во својата татковина, моделот е достапен со погон на сите тркала. Jazz е достапен само со 1.3-VTEC мотор со механички пренос или CVT.

Modulo Style

Поврзани вести

Back to top button