fbpx

Моќниот PB18 e-Tron доаѓа во ограничено производство

Од Audi потврдија дека овој концептен модел ќе биде достапен во ограничено издание од само 50 примероци

Неверојатниот концепт на Audi PB18 e-Tron, имавме прилика за прв пат да го погледнеме на автомобилската недела во Монтреј изминатата година. Тој претставува навестување на блиската иднина на спортските автомобили и целосно имплементирање на електричните мотори во нив.

Електричниот концепт доби зелено светло што се однесува до неговото појавување на производствените линии, а ова го потврди главниот извршен директор на Audi Global, Брам Шот.

Сепак, деталите околу производствената верзија на PB18 се малку познати, а тоа што го знаеме досега е дека овој модел ќе биде погонуван од три електрични мотори, еден поставен во предниот дел и два во средината на автомобилот. Во нормален режим на движење, електромоторите ќе испорачуваат вкупна максимална моќност од 671 коњски сили и 830 Nm вртежен момент, кои од 0 до 100 километри на час ќе го придвижат ова возило за нешто повеќе од две секунди. Присутна ќе е и overboost функцијата, со чие активирање се добива привремено зголемување на моќноста на 764 коњски сили.

Батеријата со која е опремен овој супер автомобил има течно ладење, а благодарение на капацитетот од 95 kWh, тој достигнува опсег на движење од 500 километри. Што се однесува до полнењето, PB18 може целосно да се наполни за 15 минути, а дополнително можно е и индуктивното полнење без кабел, со помош на плоча која се поставува под возилото.

Електричниот PB18 се очекува да се појави на пазарот во наредните година или две, но во ограничено издание од само 50 примероци.

Поврзани вести

Back to top button