fbpx

Мотоцентар Галерија во East Gate Mall започна со работа

Компанијата Мотоцентар го отвори својот деветти продажно-сервисен центар во рамките на East Gate Mall во Скопје

Деветтата продажно-сервисна точка на компанијата Мотоцентар, која го носи името Мотоцентар Галерија (Motocentar Gallery) со локација во трговскиот центар East Gate Mall, официјално започна со работа. На посетителите сега им се овозможува да закажат термин, да го остават своето возило во новиот сервисен центар и да уживаат во шопингот додека нивното возило добива нови пневматици, фелни или пак се сервисира.

Мотоцентар Галерија е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, Мотоцентар Галерија овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила.

Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите Мотоцентар центри, премиум сервисниот центар во рамките на Мотоцентар Галерија се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни, роботизираната машина за промена на гуми, балансирање во реални услови со тест за перформасите на пневматикот… Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, Мотоцентар Галерија ги доближува светските трендови до корисниците, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко.

Премиум понуда за возилата додека клиентите уживаат во шопингот

„Водејќи се од современите животни текови и навики, како и од потребите на нашите клиенти како што се зголемена мобилност и се помалку слободно време, во изминативе неколку години Мотоцентар започна да еволуира од сервис за пневматици во “One Stop” сервис за возила, лесни и товарни. Во оваа насока, и покрај пречките со кои целиот свет се соочува во изминативе две години, се одлучивме на храбар потег – го збогативме нашето Мотоцентар семејство со нов, премиум формат – Мотоцентар Галерија. Она што Мотоцентар Галерија ја двои од досегашната наша понуда е пристапот кон времето на потрошувачот, како можеби највреден ресурс во ова динамично доба. Накусо, на нашите корисници им нудиме премиум понуда и светско сервисно портфолио, единствено во нашата држава, сето тоа додека може да уживаат во шопинг низ трговскиот центар. Тоа е концептот на Мотоцентар Галерија“, изјави Горан Гроздоски, сопственикот на Мотоцентар.

Мотоцентар Галерија

Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат Мотоцентар Галерија во East Gate Mall, секој ден, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.

Поврзани вести

Back to top button