fbpx

Мотоцентар прославува јубилеј од 25 години

Овластениот увозник и дистрибутер на најпознатите брендови на пневматици прослави 25 години од своето постоење на пазарот

Својот јубилеј тие го одбележаа посветувајќи се на моделот Porsche 911 Carrera, чии генерациски модели за прв пат на нашиве простори беа изложени на едно место.

„Пред 25 години започнавме како компанија со основна дејност: продажба на пневматици. Но, како и моделот “Porsche 911 Carrera”, еволуираме – се менувавме, приспособувавме, модернизираме според околностите, пазарот, побарувачката. А нашиот квалитет останува секогаш ист и препознатлив“, изјави г-ѓа Моника Бошкоска, Mаркетинг Менаџер на Мотоцентар.

Мотоцентар

Исто така, таа претстави неколку проекти од областа на општествената одговорност, во чијашто реализација учествува компанијата. Мотоцентар веќе со години ги подржува активностите на атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија. Објавено беше и продолжувањето на соработката со нашиот шампион, односно бренд-амбасадорот на Мотоцентар, Игор Стефановски-Иџе.

Честитки на јубилејот.

Поврзани вести

Back to top button