НАСЛОВНАСПОРТ

Maркез се поблизу до титулата

Шпансиот ас на Honda, актуелниот светски шампион е на чекор да ја одбрани титулата во MotoGP шампионатот во мотоциклизам во „кралската класа“, откако триумфираше во трката за ГН на Австралија на патеката „Филип Ајленд“

Втор беше Роси, а трет Виналес.

Марк Маркез си ги зголеми шансите да освои нова титула во MotoGP со неговиот шести триумф сезонава. Тој возеше извонредно како во квалификациите, така и на самата трка во Австралија, потврдувајки ги своите високи вредности. Шпанецот водеше битка со неколку конкуренти за време на трката, меѓу кои и Докторот, возачот на Yamaha, Валентино Роси. Но во завршницата успеа да се одлепи од ривалите и да го освои првото место.

Марк Маркез

Голем успех и за Роси, кој се врати на подиумот, откако беше опериран поради фрактурите заработени на тренинг, а во Австралија ја доби битката со Маверик Вињалес и Јоан Зарко. Вињалес го освои третото место, но остана без шанси да се бори за титулата. Најлошо помина Андреа Довициозо кој по една грешка загуби неколку позиции и на крајот мораше да се задоволи со 13. место.

Марк Маркез

По оваа трка Маркез сериозно ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман. Има 33 поени повеќе од Довициозо во пресрет на трката во Сепанг која се вози следната недела. Во категоријата Мoto2 прв низ целта мина Мигуел Оливеира на КТМ, пред Бред Биндер исто така на КТМ и водечкиот во генралниот поредок, Франко Морбидели, на Kalex. Во Moto3 победи Јоан Мир кој со оваа победа ја освои и шампионската титула во Moto3 за оваа сезона.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Close