fbpx

Довициозо најдобар во Јапонија

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, стигна до петтата победа сезонава, по победата во трката за ГН на Јапонија

Во возбудлива завршница Италијанецот беше поуспешен од актуелниот шампион и водечки во генералчниот пласман, возачот на Honda, Марк Маркез.

Андреа Довициозо

Трката на патеката Мотеги беше петнаесеттата од календарот сезонава. Како и досегашните од ова првенство и оваа донесе многу возбудувања, а победникот беше решен во последните метри. Довициозо во завршните неколку свиоци успеа со извонреден маневар да го мине Марк Маркез и на крајот прв да мине низ целта забележувајки ја петтата победа во годинешниот шампионат. Третото место му припадна на вториот мотоциклист на Ducati, Данило Петручи. За жал крајот на трката не го дочекаа Дани Педроса и Валентино Роси. Во генералниот пласман за Светското првенство води Маркез со 244 бода, 11 повеќе од Довициозо.

Андреа Довициозо

Андреа Довициозо

Во Мото 2 класата најбрз беше братот на Марк, Алекс Маркез, додека во Мото 3 триумфираше Италијанецот, Романо Фенати на Honda.

Следната трка ќе се вози на 22 октомври на патеката Филип Aјленд во Австралија.

Поврзани вести

Back to top button