fbpx

Довициозо најдобар на сефтето во Катар

Фаворитот за победа на Гран При на Катар, на стартот на сезоната во MotoGP, Андреа Довициозо на Ducati ги оправда очекувањата и го освои првото место

Италијанецот го оневозможи Марк Маркез (Honda) да го започне победеносниот од кон петтата титула годинава и го остави на втората позиција со предност од само 0.027 секунди назад, додека трети заврши ветеранот Валентино Роси (Yamaha).

Стартувајки од пол позицијата Јоан Зарко со сателитскиот тим на Yamaha ја држеше првата позиција во поголемиот дел од трката, но во завршната фаза како да немаше доволно брзина и тој беше поминат од поголем број пилоти, па ја завршат трката едвај осми. Инциденти претрпеа талентот на Suzuki, Алекс Ринс, како и клубскиот колега на Довициозо – најуспешниот пилот во Катар, Хорхе Лоренцо.

Триото Зарко, Маркес и Педроса започна одлично и ги задржаа позициите по првиот круг под спектарот на бои на рефлекторите на катарската писта Лосаил. Валентино Роси исто започна одлично и напредуваше четири позиции, влегувајки во топ четири. Меѓувреме Довициозо избра да го забави темпото на почетокот и остана осми по расплетот во следните два круга. Во третата рунда Маркез и Зарко за првпат ја заменија својата позиција, но во следните неколку секунди Французинот излезе повторно прв.

Малку подалеку, Валентино Роси го надмина Петрутчи. По уште две вртења, Докторот направи успешен маневар и успеа да го помине и Маркез. По овие првични престигнувања временската разлика на првите десет пилоти беше минимална. По осмиот круг, Довициозо го започна нападот. Маркез и Довициозо го надминаа Валентино и подоцна ги разменија своите позиции.

Во 18-тата рунда, Зарко беше притиснат од Довицизо и Маркез, а потоа и од Валентино. Во меѓувреме, Виналес го подобри пласманот и имаше неколку најбрзи лични кругови, стигнувајки до осмо место. Во дваесетиот круг, Зарко веќе беше на осмото место. Наколку секунди пред целта Маркес се обиде со последен напад, но Давициозо успеа да ја задржи концентрацијата и ја забележа деветтата победа во својата кариера, како и претходните осум стекнати во текот на последните 21 натпревар.

Битката меѓу двајцата пилоти силно потсети на дуелот што го направија во 2017 година за титулата, што ја освои Маркез во последната рунда во Валенсија. Ако по утрото се познава денот пред нас е нова возбудлива и неизвесна сезона во „кралската класа“ на MotoGP.

Во Moto2 категоријата победа на Италијанецот Франческо Бањаи на Kalex со резултат 40’19.802, пред неговиот сонародник Лоренцо Балдазари со +0.112 и Шпанецот Алекс Маркез, исто на Kalex со +5.625 секунди заостанување. Во Moto3 класата победа за Шпанецот Хорхе Мартин на Honda со постигнување од 38’18.207, пред сонародникот Арон Канет со +0.023 и Италијанецот Лоренцо Дала Порта, исто на Honda, со +6.746 секунди зад победникот.

Поврзани вести

Back to top button