НАСЛОВНАСПОРТ

Довициозо триумфираше во Малезија, титулата се решава во Валенсија

Андреа Довициозо триумфираше на ГН за Малезија на мократа патека Сепанг со помош од својот тимски колега од Ducati, Хорхе Лоренцо, додека лидерот во генералниот пласман на MotoGP, Марк Маркез не си дозволи да ризикува во овој претпоследната рунда од сезоната и заврши четврти

Маркез не успеа да си обезбеди титулата предвреме. По триумфот на Довициозо во Сепанг, разликата помеѓу него и Италијанецот, пред последната рунда во Валенсија е точно 21 поен, па и двајцата имаат шанси за титулата во годинашново првенство. За да стане шампион, на Маркес му е потребно да заврши – 11-ти, дури и Довциозо и да победи на трката. Вреди да се истакне дека трката на Сепанг беше целосно во знакот на Ducati, а за фабричкиот тим на Yamaha нова порција разочарување, младиот Јоан Зарко од сателитскиот тим, финишираше пред Валентино Роси и Маверик Виналес.
MotoGP
Од пол позиција започна Дани Педроса, кој ја задржа лидерската позиција само шест секунди. Марк, кој стартуваше како седми, направи одличен старт и излезе на чело по првиот свиок, но исто така само за неколку секунди, поради сопствена грешка. Зарко ја искористи ситуацијата и поведе, а таму остана неколку кругови, пратен од Лоренцо и Маркез, а зад нив беа Довициозо и Педроса. На 16 круга пред крајот Довициозо го претекна Маркес, иако меѓу двајцата можеби имаше и мал контакт, а потоа беше само прашање на време кога Италијанецот ќе стигне до првата позиција, бидејки Маркес не беше во елемент и беше очигледно дека тактизира – не ризикува воопшто. Докторот успеа да напредне до осмата позиција, а Виналес се заглави надвор од топ 10.
MotoGP
Осум круга пред крајот Лоренцо и Дови го стигнаа Зарко, а Шпанецот го остави клубскиот колега. Но, беше прашање на време, а следуваше и тимска наредба од боксот на Ducati, Лоренцо да го пушти Дови пред себе, за да го остави „во игра“ за титулата оваа година. Четири круга пред крајот токму тоа се случи и поредокот остана непроменет до целта.
MotoGP
Во категоријата Moto2 триумф Португалецот Мигуел Оливеира на KTM, пред тимскиот колега, Јужноафриканецот Бред Биндер и водечкиот во генералниот пласман, Италијанецот Франко Морбидели, на Kalex, кој ја осигура шампионската круна. Во Moto3 класата нова победа за најдобриот во генералниот поредок Шпанецот Јоан Мир на Honda, пред Холанѓанецот Бо Берндшнајдер и Италијанецот Николо Булега, двајцата на КТМ.
MotoGP

Клучни зборови

Поврзани вести

Close