Марк Маркез до четвртата ѕвездичка

Возачот на Honda, Марк Маркез ја освои својата четврта титула во MotoGP и стана најмладиот возач со четири светски титули во „кралската класа“, или вкупно шест во неговата кариера

Сезонава беше уште една во серијалот неизвесни и динамични до самиот крај. Настаните во текот на првенството доведоа до чин, сепак разврската на сезоната да биде со последната рунда, во Валенсија, каде на Андреа Довициозо му беше потребна победа, но и неуспех за Маркез, или пласман под 11 место, за да Италијанецот стане шампион. Довициозо не го издржа притисокот, беше неубедлив во квалификациите, стартуваше од деветата позиција, а на крајот падна на седум круга пред трката да заврши. Но, Италијанецот и покрај се навистина имаше успешна сезона со дури шест победи, па пристигнувајки во боксот, беше громогласно и со аплауз поздравен од целиот тим за напорната работа во текот на годината.

Победник во Шпанија стана клубскиот колега на Маркез, Дани Педроса, со што и донесе голема радост на над 100-илјадната публика на „Рикардо Тормо“, која имаше мотив за двојно славје, победник и нов шампион! Втор финишираше сателитскиот пилот на Yamaha, младиот Јоан Зарко, кому му недотсасуваше само малку да стигне до својата деби победа, во деби сезоната во „кралската класа“. Трет на подиумот се најде новиот светски шампион.
Марк Маркез
И покрај честитките за Довициозо, во текот на последната трка имаше многу пукнатини во тимот на Ducati. Хорхе Лоренцо не сакаше да му отстапи место пред него на својот тимски колега, иако доби четири боксерски пораки за да му даде шанса. Само неколку секунди по последната „молба“, Лоренцо падна и до одреден степен ја презеде концентрацијата на Италијанецот.
Марк Маркез
Во генералниот поредок на крајот на сезоната маркез освои вкупно 298 поени, пред Довициозо со 261, Виналес (Yamaha) 230, Педроса (Honda) 210 и Роси (Yamaha) 208 бодови.

Шпанецот Хорхе Мартин со Honda победи на трката за Гран При на Валенсија, во класата Moto3. Мартин имаше остварување од 40:02.193 минути. На второ место се најде новиот светски шампион, Хоан Мир, исто од Шпанија, со КТМ со време 40:05.953 минути, што за да избегне инцидент уште на самиот почеток на трката изгуби над 15 позиции, но успеа да се врати во самиот врв. 20-годишниот Мир ја освои својата прва титула по освојувањето на десет победи во сезоната и ја заврши кампањата со 341 поен. Во Moto2 триумф на Португалецот Мигуел Оливеира кој стигна до петта победа сезонава пред Франко Морбидели, кој на крајот сепак се радуваше на новата шампионска круна освоена на неколку трки пред крајот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close