ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Над 90 милијарди долари во хибриди и електрични возила

Вкупниот обем на инвестиции во разрабоката на електрични и хибридни модели направени од најголемите производители ќе изнесува 90 милијарди долари

Тоа го објави агенцијата Reuters, наведувајќи дека бројот на продадените такви возила на глобално ниво, засега е само 1% од пазарот.

Еден од производителите, кој вложува сериозна сума во развојот на екомодели е Ford. На автосалонот во Детроит компанијата објави дека до 2022 година ќе потроши 11 милијарди долари за електрифицирани модели во гамата. За наредните 4 години Ford ќе понуди на пазарот 40 електрични и хибридни остварувања, кои можат да се полнат од електричната мрежа.

милијарди долари

Најсериозна сепак е инвестицијата на концернот Volkswagen- 40 милијарди долари. Целта на Германците, кои се најголемиот производител во светот, е во 2030 година сите модели од групата Volkswagen да имаат свое издание и на струја. Слични планови имаат и во Mercedes-Benz, каде што ќе бидат потрошени 12 милијарди долари. Тие ќе одат за развој на 10 целосно електрични автомобили и 40 хибридни изданија. Меѓу нив е електричниот кросовер Mercedes-Benz EQC, кој ќе излезе на пазарот следната година, а во некои земји од Европа веќе се прават нарачки за него.

Кинеските производители исто постепено се откажуваат од развојот и производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување и преминуваат кон еколошки превозни средства. Концернот Chongqing Changan Automobile веќе објави дека во 2025 година го запира производството на стандардни возила и ќе инвестира 15,1 милијарди во целосно нова електрична стратегија. Ова се само дел од компаниите кои ги објавија своите планови, а според најавите се очекува уште голем број гиганти да се најдат на овој список како Toyota, BMW, PSA, Renault-Nissan…

Клучни зборови

Поврзани вести

Close