ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Надежи и стравови во однос на електричните возила

Како моделите се доближуваат до реалноста, а не постои доволна маса на купувачи се покренуваат овие прашања

Постои ли простор за скептицизам после изјавите на производителите на шоуто во Женева. Електрични возила доминираа на штандовите и дискусиите на Автомобилското шоу во Женева оваа година како резултат на тоа повеќето производители почнаа да презентираат модели кои ќе бидат клучни во нивните стратегии за електрични возила.

И покрај притисокот, технологијата која е сè уште скапа да се направи подостапна, производителите на автомобили не се сигурни дали потрошувачите ќе ја наградат нивната мултимилионска инвестиции во електричните возила.

Главниот извршен директор на Volkswagen Group во пресрет на шоуто изјави: „2019-та ќе биде одлучувачка година за електромобилноста” , откривајќи дека брендот VW оваа година ќе го има своето прво масовно производство на електричен автомобил, т.е. на I.D. компактниот хечбек.

Audi го откри концептот на својот електричен SUV Q4 e-tron, кој треба да се појави следната година и ќе има MEB (Modularer E-Antriebs-Baukasten) платформа како и I.D. компактниот хечбек. Seat и Skoda брендовите на групацијата VW исто така покажаа електрични возила на основа на MEB.

електричните возила

Брзорастечката постава е од клучно значење за создавање на економичност која и е потребна на VW за да ги направи достапни електричните возила базирани на MEB. Додека VW групацијата е во трката за електрификација на брендови, 75-годишниот патријарх кој ја контролира групацијата ги сподели своите сомнежи за промената.

„Не знаеме дали електрификацијата е крајниот спас на подолг рок”, изјави членот на Надзорниот одбор на VW Групацијата, Волфганг Порше. „Не сум сигурен дека е, но веројатно нема да живеам доволно долго за да дознаам”.

Исто така, пред да бидат лансирани оваа година откриени беа прототипот на мини-автомобил на Honda, субкомпактот на Peugeot e-208 кој е само за Европа и Polestar 2, ривал од средна големина на Tesla Model 3 од новиот електричен бренд на Volvo.

Но, постојаните финансиски проблеми на Tesla и веста дека нејзиниот најветувачки кинески ривал Nio, страда од слаба продажба на домашниот пазар, треба да биде сигнал за предупредување, Сите знаци велат дека има проблем со побарувачката, има група која вели дека секој сака електричен автомобил, но каде се потрошувачите?

Извршниот директор на PSA групацијата предупредува дека пребрзото движење кон електрични возила ќе доведе до затворање на фабрики. „Тоа го земаат предвид сите европски производители на автомобили”, вели тој за време на дискусијата на тркалезна маса на шоуто.

Во Европа, производителите немаат друг избор освен да се електрифицираат како последица на регулативите кои постојано се заоструваат, а со кои се бара намалување на CO2 за 35,7% во 2030 година, споредено со 95 g/km границата која ќе се применува во 2021 година.

електричните возила

Извршниот директор на Daimler, во Женева изјави „За да постигнеме 35,7% јасно е дека ни требаат ЕВ, тоа е само математика”. Но, изјави и дека е претпазлив оптимист дека брендовите со атрактивни производи ќе можат да ги намамат купувачите на своите модели со ниски издувни емисии.

Минатата година САД и Европа работеа на околу 200.000 единици целосно електрични возила, но LMC Automotive предвидува дека до 2022 година продажбата во Европа ќе биде двојно поголема од онаа во САД, односно околу 1,2 милиони.

Побарувачката за Tesla Model 3 во Калифорнија предизвика мини-бум на побарувачката во САД минатата година, но не коренита промена. Политиката ќе биде далеку посилен двигател на продажбата на возила со нулта издувна емисија во Европа, за разлика од САД, особено во однос на целта на ЕУ за CO2 за 2030 година.

САД немаат ништо на тоа ниво. Затоа Европа е попривлечна од САД за амбициозните кинески електрични брендови, како што е BAIC, најголемиот производител на возила со батериски погон во Кина минатата година.

„Во однос на промовирањето на целосно електрични возила, не веруваме дека САД е зрел пазар во споредба со Европа”, изјавил претседателот на BAIC за новинарите на шоуто, каде компанијата ја претстави целосно електричната Arcfox. “Тоа може да биде план за во иднина, но не во моментов”.

Не толку истакнати, но во изобилие во Женева имаше plug-in хибриди, вклучувајќи ги и двата на Jeep, Renegade и Compass и пет за Audi. BMW особено беше агресивен со шест нови plug-in хибриди што ги претстави на шоуто. Претставникот на BMW рече дека plug-in хибридите ќе имаат фундаментална улога во следните неколку години.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close