fbpx

Најагресивниот Lamborghini Urus досега

Дали Lamborghini Urus треба да изгледа уште поагресивно?

Дечките од Mansory сигурно мислат така, а тоа го докажува и нивниот нов Lamborghini проект. Германската компанија за модифицирање на луксузни автомобили наречена Mansory, неодамна ни претстави уште еден свој проект. Овој пат се работи за спортскиот SUV на Lamborghini, кои тие го претврорија во уникатен примерок и го нарекоа Urus Venatus.

Модификациите кај Venatus се застапени по екстериерот и ентериерот, додека пак погонскиот агрегат остана недопрен. Предната страна на италијанскиот супер SUV изгледа поагресивно од кога и да е, благодарение на новиот браник кој сега има многу поголеми воздушни решетки. Хаубата е исто така редизајнирана и вклучува дополнителни воздушни отвори, а овој Urus добил и нови прагови.

Lamborghini Urus

Дизајнот на задниот дел делува уште порадикално. Тука се наоѓа браникот со остри завршетоци, надополнет со гигантски робусен дифузер кој вклучува три централно поставени врва од издувниот систем. Класичниот спојлер сега е заменет со поголем и поуникатен, поставен на капакот од багажниот простор. Дополнително, може да се забележат делови од јаглеродни влакна, затемнети фарови, портокалови акценти и масивни 24-инчни сиви фелни.

Возачката кабина е исто така дел од овој make over, каде речиси секој дел е преработен. Таа се каректеризира со многу портокалови акценти кои се одличен контраст на сивите материјали. Компанијата не пропуштила да се пофали со својата изработка, па така „Mansory“ логоата можат да се забележат насекаде. Со самото отворање на вратите може да се забележи натписот „Venatus 1/1“, кој претставува уште еден индикатор дека овој Urus е еден и единствен.

Како што веќе напоменавме, модификациите на Mansory не се застапени под хаубата на овој луксузен модел. Со 4.0 литарски дво-турбински V8 мотор и моќност од 641 КС и 850 Nm, тие би биле непотребни.

Поврзани вести

Back to top button