fbpx

Кои се најквалитетните премиум возила според J.D.Power

Резултатите од истражувањето спроведено од страна на аналитичката агенција J.D.Power (VDS), тврдат дека марката Lexus седма година по ред е број еден при рангирањето за квалитет во сегментот на премиум автомобилите

Јапонската луксузна филијала на Toyota освои со своите изданија пет награди и четири први места во класифицирањето за најквалитетни премиум остварувања што се нудат на пазарот. Наградите ги „поделија“ моделите RX, GS, ES и ST. Вреди да се напомене дека оценките за рангирањето на J.D.Power VDS се темелат врз податоците од испитаните сопственици на возила кои даваат податоци за оштетувањата на своите автомобили.

J.D.Power

Студијата на J.D.Power вклучува возила кои се произведени од 2015 година, па наваму.

Што е помалку регистрирани оштетувања и дефекти, тоа значи поголем квалитет за моделот. Во оваа студија второто место му припадна на германскиот бренд Porsche, a третото на американскиот Buick. Infinity, BMW и Audi се трите компании кои се најдоа зад водечкото трио.

Поврзани вести

Back to top button