fbpx

Најмалиот кросовер на Mercedes, GLA 45, доби свој AMG третман

Најмалиот кросовер на Mercedes доби свој „допинг“ од AMG, а се напојува со рачноизработен 2,0-литарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор

Mercedes продолжува со проширувањето на портфолиото на AMG брендот, а последниот додаток е GLA 45. Како и претходно претставените модели А 45 и CLA 45, така и Mercedes AMG GLA 45 се напојува со оваа моторна „ѕверка“ која располага со 387 КС и 480 Nm највисок вртежен момент, што е доволно за овој компактен кросовер од 0 до 100 километри на час да стигнува за 4,4 секунди и да развие електронски ограничени 250 километри на час. Во верзијата GLA 45 S споменатиот мотор развива 421 КС, со што нуди нешто подобри перформанси, а од нула до „стотка“ стигнува за 4,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 270 километри на час.

За преносот на силата на сите четири тркала (4Matic) е задолжен осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка на AMG, а моторот, кој од почеток до крај го составува еден човек, својот раскошен потенцијал најдобро го покажува во работниот режим Master кој е поврзан со режимот Race.

Како што е и очекувано, промените во екстериерот се исклучиво елементарни, со цел да се добијат подобри перформанси, па така, не треба да се очекуваат некои поголеми изненадувања. Шокантни промени нема ниту во возачката кабина. Сето тоа е во склад со праксата и актуелниот стил на AMG.

AMG GLA 45 со специјален систем на потпирање

AMG GLA 45 со себе носи и систем на потпирање со многу елементи кои поради редуцирањето на масата се направени од алуминиум, а за оптимално снаоѓање во различните ситуации тука се и адаптивните амортизери со три работни програми. Крутоста на каросеријата со големиот број на детали кои јасно ја демонстрираат припадноста на AMG семејството дополнително е унапредена со алуминиумски панел под моторот.

Како што наведува шефот на AMG, Тобијас Моерс, ова одделение кај GLA 45 особено се занимавало со потпирањето: „Сакавме совршен спој кој ќе ни овозможи системот на потпирање да може да ги следи спортските афинитети на овој автомобил, како и неговата секојдневна уптреблива вредност да биде на високо ниво“.

Покрај стандардните кочници со димензиите на предните дискови кои изнесуваат 350 милиметри, на купувачите со опциониот пакет AMG Dynamic Plus ќе им се понудат и предни дискови со димензии 360 милиметри. Во опционата опрема се и 21-инчните алуминиумски тркала со кои можат да се заменат стандардните 19-инчни тркала.

Првите примероци на најмалиот кросовер на Mercedes кој отиде чекор понатаму оставајќи го зад себе досега најмоќниот AMG GLA 35 во продажните салони се очекува да пристигне кон средината на годината.

Поврзани вести

Back to top button