fbpx

Најмоќната верзија на Volvo S60 распродадена за 39 минути!

Само 39 минути беа потребни за продажба на сите примероци од најмоќната верзија на новиот Volvo S60- T8 Polestar Engineered

Станува збор за не голема серија од 20 автомобили, наменети за пазарот во САД, но од Volvo најавија дека се задоволни од брзата реакција на американските фанови на брендот. Најмоќната верзија на новиот Volvo S60 е достапна во САД само преку апликацијата Care by Volvo, а цената е 1.100 долари месечно. Во оваа сума влегуваат и трошоците за осигурување и одржување на автомобилот, а рокот на договорот е 2 години, но секој клиент има право да смени автомобилот по првите 12 месеци.

Новиот S60 беше презентиран овој месец при отворањето на новата фабрика на Volvo во Чарлстаун, каде што ќе се произведува седанот.

Volvo S60- T8 Polestar Engineered е со хибриден погон со вкупна моќност од 415 коњски сили, а во основата на системот се 2.0-литарски 4-цилиндерски бензински мотор со турбо и механички компресор. Во прилог на тоа автомобилот доби и спортска суспензија, поголеми сопирачки и нови поставувања на работата на преносот.

Поврзани вести

Back to top button