fbpx

Најмоќниот сериски пикап Ram 1500 TRX доаѓа и во Европа

Ram, кој е дел од FCA групацијата, го претстави својот модел 1500 TRX кој ја носи титулата најмоќен сериски пикап на светот

Ram 1500 TRX со моќност од преку 700 КС и статус на најмоќен сериски пикап камионет на светот се очекуваше да биде достапен само во Северна Америка, каде што побарувачката за ваквиот тип на автомобили е голема. Сепак, германската фирма AEC Europe објави дека сепак ќе го увезува овој пикап камионет на европскиот пазар почнувајќи од следната година.

Оваа компанија веќе некое време продава различни модели на марките Dodge и Ram во Европа, кои се комерцијални дивизии на FCA групацијата, но се наменети само за американскиот пазар. Сепак, AEC Europe ги исполнува специјалните нарачки на некои клиенти во Европа, а од TRX очекуваат да биде голем успех, бидејќи европските купувачи се повеќе покажуваат интерес за перформансните пикап модели.

AEC во минатото ги модифицираше сите верзии според европските стандарди, што значи прилагодување на нивото на издувни гасови и безбедносни мерки. Непознато е колкава цена заинтересираните купувач ќе мораат да платат ако сакаат во своја сопственост да го имаат најмоќниот пикап на светот, но таа сигурно влегува во доменот на егзотични и спортски автомобили.

Дури и на матичниот пазар, Ram 1500 TRX ќе чини 69,995 долари за основниот модел, односно 100.835 долари за верзијата со севкупната опрема. Според соодносот меѓу доларот и еврата, тоа би изнесувало околу 84.400 евра, но на споменатата сума треба да се додаде данок, споменатите преработки и секако потенцијалниот профит кој AEC сака дополнително да заработи, така што не би било изненадување ако цената биде и до 70 проценти повисока.

AEC во моментов има 125 официјални изложбено-продажни салони на територијата на Европската унија, а сигурно е дека ќе биде интересно да се види масивниот Ram 1500 TRX низ тесните улици на европските градови.

Поврзани вести

Back to top button