ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Најпродавани SUV модели од 2018 година

Вкупно 32.1 милиони SUV од сите сегменти беа продадени на светските пазари во 2018 година, според статистичките податоци на германската агенција focus2move. Ова е зголемување од 6% во однос на 2017 година.

Најуспешниот сегмент е C, со 17.775.336 нови автомобили односно раст од 3,2% наспроти 2017 година. Следен сегмент е D – 11.607.735 или + 7,1%, па сегмент B – 2.023.556 со + 6,3%, четврт сегмент на листата е Е – 527.791 со + 21,1% и последен е сегментот F – 214.996 или + 0.67%.

Во 2018 година, на лидерските позиции е за Volkswagen Tiguan со 789.930 единици (+ 8.4%), Honda CR- V со 741.300 продажби (-2.3%) и Toyota RAV4.

Доколку продажбата се подели на групации, тогаш лидер за 2018 година е Renault-Nissan алијансата со 4.297.683 милиони продадени единици или раст од 7,2%. На второ место е Toyota Group со 2.830.595 (+7,7%), па на трета позиција доаѓа брзорастечкиот Volkswagen со 2.535.224 (+22,1%). Интересно на оваа листа е тоа што Geely Group успеа да се искачи за една позиција погоре во однос на 2017 година и да ја помине PSA. Тие забележале 1.230.653 продадени единици или раст од 37,6%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close