fbpx

Најпродавани возила во Европа во 2024: Dacia Sandero на врвот

Меѓу останатите автомобили во топ 10 листата на најпродавани се и Renault Clio, VW T-Roc, Peugeot 208 и Citroen C3

Минатата година Tesla Model Y ја освои Европа, станувајќи најпродаваниот нов автомобил на целиот континент. Сега, по првата половина на 2024 година, Model Y се спушти надолу, а друг автомобил го презеде приматот – Dacia Sandero.

Податоците за продажба од Европската унија и Велика Британија откриваат дека во периодот јануари-јуни, Dacia Sandero е најпродавано ново возило, со регистрирани 143.596 примероци. Sandero долго време е меѓу најпопуларните автомобили во Европа, делумно поради тоа што цените започнуваат од само 11.500 евра, што го прави исклучително прифатлив за широките народни маси.

На второпласираната позиција се најде Volkswagen Golf. Германскиот бестселер забележа 126.993 продадени единици во првата половина на 2024 година, позиционирајќи се пред Renault Clio на третото место со 114.623 продажби. Веднаш по малиот француски хечбек е VW T-Roc, најпродаваниот SUV во Европа, со 111.381 нови регистрации оваа година.

Peugeot 208 падна на листата на петтото место и покрај тоа што ја понесе круната во 2022 година, пред Dacia Sandero и VW T-Roc. Во првото полугодие ширум континентот се регистрирани 107.097 примероци на 208. Позиционирано зад 208 беше уште едно возило од групацијата VW, Škoda Octavia, која достигна до 102.945 единици од јануари до јуни. Ова го постави чешкиот модел веднаш пред Citroen C3 со 102.304 продажби, доволно за да се обезбеди 7-та позиција.

Дури потоа потоа пристигнува минатогодишниот победник Tesla Model Y кој се најде на осмото место. Оваа година, 101.181 нов модел Y се регистрирани низ ЕУ и Велика Британија. Иако тоа е намалено во однос на минатата година, тој удобно останува најпродаваниот нов ЕВ на пазарот, а резултатите од продажбата се импресивни, имајќи предвид дека е значително поскап од другите возила на листата.

Позициониран зад Model Y е Toyota Yaris Cross со 99.694 нови регистрации, веднаш пред хечбекот Toyota Yaris кој забележа кумулативна продажба од 93.576 единици.

Поврзани вести

Back to top button