fbpx

Најпродаваните брендови и модели во Европа во јануари

Податоците на Агенцијата JATO Dynamics покажуваат дека во јануари на европскиот пазар е забележано петтото по ред намалување на масечна база и најслабото достигнување за соодветниот месец од 2013 година наваму

Според статистиката на JATO Dynamics, во јануари, продажбата на нови автомобили во Европа достигна ниво од 1.22 милиони единици, што е за 4,6% под тоа за истиот период на 2018 година. Со шест исклучоци- Citroën (+ 2%), Dacia (+ 14%), Seat (+ 4%), Volvo (+ 18%), Mini (+ 3%) и Mitsubishi (+ 9%), сите останати брендови запишуваат намалување на продажбата во текот на изминатиот месец.

JATO Dynamics

На челната позиција на европскиот пазар е Volkswagen со 141.663 продажби, по што во ТОП 10 се подредуваат Peugeot со 82.447, Ford со 80.639, Renault со 72.877, Opel / Vauxhall со 69.289, Mercedes со 67.395, Toyota со 60.876, Škoda со 60.516, BMW со 59.088 и Audi со 54.185 единици.

JATO Dynamics

Иако со намалување од 20% на продажбата во јануари, Volkswagen Golf ја задржува лидерската позиција на европскиот пазар, а вкупната реализација е на ниво од 34.313 единици. По него застанува VW Polo со 25.550, а на третото место е Renault Clio со 23.970 продадени модели. Во ТОП 5 влегуваат исто така Škoda Octavia со 20.385 и Toyota Yaris со 20.340.

JATO Dynamics

Од извештаите на JATO Dynamics, од 27 европски пазари, само пет забележуваат подобрување во бизнисот во првиот месец од 2019 година, а тоа се, Романија, Унгарија, Данска, Португалија и Грција, а падот во бизнисот е најсериозен во Холандија, каде падот достигна ниво од 19,3%.

изел автомобилите продолжуваат да губат пазарни позиции во Европа, односно едвај 33% (39% во јануари 2018) од продадените нови автомобили во изминатиот месец биле опремени со такви погонски агрегати. Бензинските мотори се подобруваат и имаат учество од 54 на 58%, а автомобилите со алтернативен погон формираат 7,1% од бизнисот, што беше 5,5% во првиот месец на 2018-та.

JATO Dynamics

Поврзани вести

Back to top button