fbpx

Најпродаваните компактни SUV модели во Европа

Статистичката агенција JATO Dynamics објави интересна анализа од резултатите од продажбата за Европа, каде се вклучени компактните SUV автомобили за првите девет месеци од годината

Податоците на JATO Dynamics покажуваат дека лидер во сегментот B-SUV за периодот јануари-септември е Renault Captur, од кој се реализирани 173.755 примероци или со 12% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Второто и третото место на листата се поделени меѓу Peugeot и Dacia со минимална разлика. Француската марка со својот нов модел за периодот – 2008 оствари 139.886 продажби за првите 9 месеци од годинава. Третата позиција, со раст од 30% во споредба со 2017 и 139.386 реализирани единици, е за Duster.

Во листата до десетото место на најбараните компактни SUV модели во Европа влегуваат исто така VW T-ROC (110.435), Opel Mokka (99.573), Ford EcoSport (84.693), Citroen C3 AirCross (84.600), Fiat 500X ( 77.365), Opel Crossland X (74.805) и SEAT Arona (69.752).

JATO Dynamics

Поврзани вести

Back to top button