fbpx

Naran го покажа своето супер моќно хипер купе

Старт-ап компанијата за суперавтомобили Naran Automotive го најави својот нов хиперавтомобил минатото лето, го откри и неговиот изглед

Станува збор за хиперавтомобилот Naran, исто како и самата компанија и претставува 2+2 таканаречено хипер купе инспирирано од GT3. Naran се напојува со тркачки 5,0-литарски битурбо V8 мотор, кој испорачува 1.048 КС и 1.036 Nm максимален вртежен момент. Ќе се се произведе во ограничена количина од само 49 единици.

Секој Naran ќе биде индивидуално „скроен“ според личните барања на купувачите, па дури и ќе добијат свое специјално име – нешто што е вообичаено резервирано за луксузните супер јахти – па оттаму и одлуката хиперавтомобилот да го понесе само името Naran, а остатокот е волја на купувачот.

Задолжен за дизајнот е Џовин Вонг, основачот на Wyn Design – човекот кој стои зад Apollo IE и De Tomaso P72. Ова е без дилеми мошне динамично возило, каде што предниот сплитер и задниот дифузер делуваат како еден дел, додека 22-инчните хибридни карбонски тркала имаат функционални и визуелни карактеристики.

Naran

Инаку, 5,0-литарскиот битурбо V8 е специјално развиен за Naran во Германија од страна на Racing Dynamics. На хартија, ова хипер купе може да спринта до 60 милји на час (96 км/ч) за помалку од 2,3 секунди. До 100 милји на час (161 км/ч) стигнува за 4,56 секунди, а може да достигне и над 370 километри на час максимална брзина.

Моќноста од моторот на патот се префрла преку систем за погон на сите четири тркала, а возачот ќе има опција да префрли на погон на задните тркала. Меѓу останатите механички карактеристики треба да се издвојат и Ohlins четиринасочниот подесив придушувачки систем со тркачки спецификации, хидраулична летва од управувачот со тркачки спецификации, карбонски сопирачки и сферични механички лагери за подобрено управување и прецизност.

Кога станува збор за ентериерот, се што е познато во моментов е дека материјалите се кроени од поранешниот дизајнер на Aston Martin Lagonda, Кејт Монтгомери.

Naran хиперавтомобилот ќе дебитира на почетокот од следната година.

Поврзани вести

Back to top button