fbpx

Наследникот на Маркионе ќе биде познат следната година

FCA веќе бара наследник на големиот бос на компанијата, Серџо Маркионе, кој планира да се пензионира следната година, а се очекува да ја ослободи својата позиција и во Ferrari

Маркионе оствари некои од најголемите промени во историјата на FIAT Chrysler, односно под негово раководство италијанската компанија се спои со Chrysler во 2014 година и така ја спаси американската марка од банкрот.

За помалку од две години, Chrysler се врати во профит и успеа да ги отплати кредитите што ги добија од американската и канадската влада. Исто, под раководство на Маркионе, FCA ги оддели како посебни компании Ferrari и производителот на индустриска опрема CNH Industrial, а Alfa Romeo се врати на американскиот пазар за прв пат по 1995 година.

Минатата година Маркионе се погрижи да бидат поделени дополнителни речиси 12 милиони долари на вработените, во форма на плати и бонуси, а според агенција Bloomberg за последните три години Маркионе купил акции од FCA, чија цена е еквивалентна на околу 35 милиони долари. Тој треба да има акции во FCA во вкупна вредност од околу 371 милион долари.

Маркионе

Плановите за развој на FCA во текот на следните пет години се очекува да бидат објавени на почетокот од мај, а неговиот наследникот треба да биде претставен следната година. Се проценува дека Маркионе преферира да постави некои од сегашните директори во FCA, наместо да бара надворешен човек, кој ќе ја преземе компанијата.

Поврзани вести

Back to top button