fbpx

Наследникот на Nissan 370Z добива нов мотор и ретро дизајн

Nissan во моментов има внатрешни проблеми, но сепак оживувањето е на хоризонтот, а тоа го вклучува и наследникот на моделот 370Z

Актуелната генерација на Z моделот е стара околу 10 години, а во текот на тој период малку работи се променија. Покрај тоа, Nissan 370Z не се разликува премногу од 350Z кого го наследи. Сепак, новајлијата ќе направи големи чекори кога станува збор за погонската технологија, но и стајлингот.

Имено, Nissan се враќа на корените на Z купе, што се убави вести, а тоа го потврдија и луѓето кои го виделе прототипот на митингот на дилерите. Потврден е и моторот, а станува збор за 3,0-литарска единица, што не беше тешко да се претпостави со оглед на тоа дека Z секогаш бил тесно поврзан со Infiniti купеата – 350Z – G35, 370Z – G37.

Во моментов, Q60 купе, кој ја заменува G серијата, поседува 3,0-литарски би-турбо V6 со различни излезни сили. Се очекува стандардната верзија да располага со околу 400 КС, иако некои информации велат и за цели 500 КС во Nismo варијанта.

Она што исто така е добра вест е дека мануелниот менувач ќе биде задржан во понудата. Не само што ќе допринесе за поголема поврзаност меѓу возачот и машината, туку би можело и да ги подобри перформансите, бидејќи Nissan не е познат по најбрзите автоматски менувачи.

Одлучено е и во која насока ќе се движи стајлингот на автомобилот. Nissan се одлучи за ретро ориентација инспирирана од легендарната 240Z, што наиде на голема поддршка. На јапонските спортски модели дефинитивно добро им стои ретро стилот, а се чини и дека дизајнерите одлично си ја завршиле својата работа.

Поврзани вести

Back to top button