fbpx

Навигацијата е меѓу најопасните системи во автомобилот

Експерти од Фондот за безбедност на сообраќајот (AAA Foundation for Traffic Safety) спроведоа истражување чија цел беше да покажат до кој степен медиумските системи во автомобилот го одвлекуваат вниманието на возачот

Идејата за експериментот беше да покаже што возачот не би требало да го стори лично додека е зад воланот. Во истражувањето учествувале 30 модели, меѓу кои Audi Q7, Cadillac XT5, Ford F-250, Infiniti Q50, Mazda3, Honda Civic и др, како и 24 возачи. Нивната задача била да ги користат функциите на мултимедијалниот систем со брзина до 40 km/h. Анализите покажале дека најмалку внимание на мултимедијалниот систем предизвикува аудио поставката – менување на нивото на звук или избор на друга радио станица. Ова стана навика за повеќето возачи и не зазема многу време, се додека самиот систем не е на екран на допир. Потоа, можноста за одвраќање на внимание од патот станува поголема.

Меѓи најопасните, сепак, е навигацијата на автомобилот. За време на студијата, се покажа дека возачот загубил во просек 40 секунди за да направи промени во системот. При брзина од 40 km/h возилото поминува околу 400 метри. а за тоа време одвлекувањето на вниманието, дури само за неколку секунди, може да биде фатално.

Помалку концентрација од возачот бара функцијата за СМС пораки. Во голема мера таа е олеснета со постоењето на систем за гласовно управување со каква располагаат повеќето современите автомобил, но дури и во такви случаи опасноста од предизвикување инциденти постои.

Поврзани вести

Back to top button