fbpx

Некогашниот шеф на VW стана дел од Piech Automotive

Пред година и половина Матијас Милер си поднесе оставка на местото шеф на Volkswagen групацијата, а сега е дел од Надзорниот одбор на Piech Automotive

Piech Automotive е компанија на Антон Пих, еден од правнуците на Фердинанд Порше и секако член на моќното семејство Пих. Компанијата е стартап лоциран во Швајцарија, основана со цел да произведува луксузни електрични автомобили. Засега планот е првиот модел да го пласираат до крајот на 2022 година.

Компанијата Piec Automotive го претстави својот концептуален модел Mark Zero минатата година на Салонот во Женева. Тогаш Антон Пих изјави дека желба е да се натпреваруваат на пазарот со најдобрите, па дури и со Porsche, кој делумно е во сопственост на семејството Пих.

Piech Automotive

Инаку, Матијас Милер е поставен на местото шеф на Надзорниот одбор. По повод неговиот ангажман во компанијата истакна дека е возбуден поради новото работно место.

„Мисијата на основачите на оваа компанија ме инспирираше бидејќи е подоследна и повизионерска во однос на се друго со што сум се сретнал во текот на своето работење во автомобилска индустрија“, изјави некогашниот шеф на Volkswagen групацијата.

Милер не е единственото големо име од автомобилската индустрија кое се најде во Piech Automotive. Пред него таму се „скрасија“ Клаус Шмит од BMW, Андреас Хенке од Porsche и Јохен Рудат, поранешниот шеф на Tesla за Европа. Јасно е дека Piech Automotive не влегува така лесно во целиот проект. Главен инвеститор е Петер Тил. Тоа е човекот кој заедно со Елон Маск го формираше PayPal и е еден од неколкумината кои седат во Управниот одбор на Facebook.

Piech Automotive

Piech Automotive ветува револуционерна технологија во врска со батериите и полнењето на истите. Концептуалниот Mark Zero поседува пакет батерии кои обезбедуваат автономија од 500 километри според WLTP. Тие тврдат дека станува збор за „целосно нов тип на батериски ќелии“, кои едвај се загреваат при полнењето и празнењето. Toa овозможува полнење до 80 проценти за помалку од 5 минути, поточно 4 минути и 40 секунди.

Батериите се воздушно ладени токму поради тоа што не греат, што обезбедува заштеда во масата од дури 200 киломграми.

Поврзани вести

Back to top button