fbpx

Netflix со специјална серија за Formula 1

Филмската платформа Netflix објави трејлер за долгоочекуваниот серијал посветена на светот на Formula 1

Новата продукција Drive to Survive на Netflix започнува на 8 март оваа година, а ќе вклучува 10 епизоди, за кои од компанијата велат дека ќе им овозможат на гледачите да ѕиркаат во ексклузивниот и интимен свет на најголемата автомобилска трка во светот.

Од Netflix исто така споделија, дека серијата ќе фрли светлина не само врз битката за првите позиции, но и врз срцата, душите и правецот на развој на овој бизнис од милијарди долари. Ова ќе се постигне преку пристап на медиумот до пилотите, шефовите на тимовите и сопствениците на самите тимови.

Во трејлерот се вметнати голем дел на секвенци од епизодите. Во него може да се види како возачите се подготвуваат, каков е нивнот ритуал пред трките, но и што се прават нивните најблиски пред да започне трката. За љубителите на овој спорт ова ќе бидат 10 епизоди со помешани емоции. Коментарите за видеото се веќе многу, а низ нив може да се почуствува нестрпливоста на гледачите.

Поврзани вести

Back to top button