fbpx

Њујорк 2019: Hyundai го покажа Venue

Hyundai демонстрира целосно нов модел во најпопуларниот сегмент– SUV

Venue беше покажан за време меѓународниот саем во Њујорк, а со тоа корејската компанија го прошири своето портфолио на вкупно седум SUV предлози. Hyundai Venue дебитираше со модерен дизајн и богат сет технолошки решенија, а во исто време ветува дека ќе биде достапен автомобил на марката. Подружницата во Северна Америка коментираше дека новиот модел ќе биде произведен во Кореја и ќе биде ставен на располагање на потрошувачите во последниот квартал од оваа година.

„Целосно новиот Venue има компактни димензии, па со тоа ветува практичност“, коментираат од Hyundai Motor America. „Неговиот решителен и уникатен карактер го двои од останатите SUV модели на пазарот, нудејќи уникатен автомобил за оние клиенти кои бараат интересен дизајн со богата стандардна опрема, технологии и системи за поврзување“.

Venue

Меѓу уникатноста на Hyundai Venue се можностите за нарачка на двобојната надворешност, 1.6 литарскиот Gamma мотор во комбинација со шест-степен мануелен или IVT (Intelligent Variable Transmission) автоматска трансмисија, 8-инчен екран со Android Auto и Apple CarPlay синхронизација за мобилен телефон, Bluetooth конекција, систем за предупредување за опасност од сообраќајни незгоди и друго.

Venue

Поврзани вести

Back to top button