fbpx

Њујорк 2019: Новиот Kia Habaniro концепт

Претставен како ECEV, концептниот Habaniro претставува нов корејски луксузен SUV, кој се карактеризира со спортски и авантуристички дух

Корејскиот производител Kia на Саемот во Њујорк го претстави својот нов концептен модел под името Habaniro. Како можно навестување за следната генерација на Kia Niro, концептот претставува електричен SUV, кој се карактеризира со спортски и авантуристички дух. Toj доаѓа со четири вертикални врати, кои сигурно нема да се пренесат и кај производната верзија. Сепак, Керт Кал, дизајнерот одговорен за изгледот на Habaniro, изјави дека дел од несекојдневниот дизајн ќе се зачува.

Предниот дел се карактеризира со тенко интерпретираната решетка на Kia, со мазна површина и коцкасти пропорции, а тука се и новите светлосни уреди, чија LED изведба му обезбедува нов карактеристичен светлосен потпис на моделот. За разлика од сегашниот Niro, Habaniro е подолг, поширок и повисок. Меѓуоскиното растојание му е исто така зголемено, од 2,700 на 2,830 милиметри, со што се добива поголем простор за патниците на задната клупа.

Kia Habaniro

Целосно електричниот Habaniro исто така покажува дека следната генерација на Niro ќе се води по електричниот тренд на брендот, така што ќе бидат достапни три варијанти, и тоа: целосно електрична, plug-in хибридна и целосни хибридна варијанта. Концептниот SUV доаѓа со возен опсег од 300 километри, но подеталните информации околу батерискиот капацитет остануваат непознати. Тоа што е познато е дека тој е опремен со погон на четири тркала и електрични мотори поставени на двете оски.

Вантрешноста се карактеризира со футуристички дизајн, што е и вообичаено за еден концептен модел. На централната табла се протега конкавен инструмент панел, кој го користи Sensory Light Feedback, а футуристичкиот дизајн е застапен и во системот за греење и вентилација, кој рамномерно дистрибуира воздух во кабината.

Kia Habaniro

Новиот Habaniro е дизајниран така што нуди автономност од петто ниво, при што управувачот и инструмент таблата се повлекуваат, со цел да им овозможат повеќе простор на возачот и совозачот. Застапен е и т.н. Real-time Emotive Adaptive Driving систем на Kia, кој ја следи состојбата на возачот користејќи препознатливи биосигнали со помош на вештачка интелегенција.

Корејската компанија се одлучила да го презентира својот нов модел на Саемот во Њујорк, бидејќи автомобилот е дизајниран во студиото за дизајн на Kia во Калифорнија.
“Не само што нејговиот прекрасен дизајн ги инкорпорира потребите на идната мобилност, но инженерингот и технологијата го предвидуваат начинот на кој луѓето ќе сакаат да се движат во блиска иднина”. Новиот Habaniro претставува генијално дело на вештина и имагинација“, изјави Мајкл Кол, шеф на Kia во Америка.

Поврзани вести

Back to top button