fbpx

Њујорк 2019: Освежениот Audi R8

Редизајнираната верзија на спортскиот германски модел беше откриена минатата есен, а премиерата за американскиот пазар ја доживеа на Саемот во Њујорк

Освежениот Audi R8 беше официјално претставен пред американската публика на тековниот саем во Њујорк, а со продажба ќе започне ова лето. Редизајнираната верзија доаѓа со поагресивен дизајн на предниот дел, каде посебно се истакнува новата саќе решетка и новиот долен спојлер. Супер автомобилот исто така е опремен и со потемни светлосни уреди, нови прагови, редизајниран заден браник и нов дифузер со двоен издувен систем.

Ентериерот во голема мера е пренесен од претходникот, а во листата на новитети се вбројуваат двете нови внатрешни бои, наречени Pastel Silver и Palomino Brown. Со минимални надградби, новиот R8 е опремен со дигитална инструмент табла, безжичен полнач за паметни телефони и Bang & Olufsen аудио систем, поддржан од 13 звучника. Секако, присутна е и GPS навигација, како и LED внатрешното осветлување.

Audi R8

Моќноста кај освежениот Audi R8 е обезбедена од страна на надградената 5,2 литарска V10 единица, која произведува 562 коњски сили и вртежен момент од 550 Nm. Таа е поврзана со седум-степен S tronic пренос и стандарден Quattro погон на сите тркала. Сето ова на германското купе му овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за само 3,4 секунди и максимална брзина од 323 километри на час.

Новиот Audi R8 добива и свое ограничено издание од само 222 примероци, наречено R8 V10 Decennium. Базиран на R8 V10 перформансното купе, екстериерот на Decenum доаѓа во Mythos Black металик издание и 20-инчни фелни мат бронзен финиш. По надворешноста, исто така можат да се забележат и детали изработени од јаглеродни влакна. Секако, и кабината кај ограничениот модел ќе има свое ниво на уникатност, благодарение на управувачот од алкантара, сјајните тримови од јаглеродни влакна и црните спортски седишта со контрасни шивови.

Поврзани вести

Back to top button