fbpx

Колку се побезбедни новите автомобили?

Сите сме свесни дека новите автомобили подобро го штитат возачот и патниците, отколку автомобили произведени пред 20 или 30 години

Но, колку е таа заштита подобра и посигурна? Националната агенција за безбедност на автопатиштата (NHTSA) во САД објави свое истражување, во кое податоците се од анализите на краш тестовите и од статистика за несреќи, а под лупа е староста на автомобилите, кои учествувале во инциденти.

При тешки катастрофи во автомобили со старосна граница над 18 години загинале 50% од учестниците во несреќата. Во автомобилите стари од 15-17 овој процент е 44%. Скоро иста е и стапката на смртност кај автомобили произведени помеѓу 12 и 14 години – 41%. Најголемата сигурност е кај автомобилите произведени пред 3 години – само 27% смртни случаи. Следат автомобилите на возраст од 3 до 7 години со 33% и оние стари од 8 до 11 години – 37%.

Статистиката на NHTSA е навистина детална, бидејки за секоја категорија се анализирани меѓу 30.000 и 75.000 автомобили.

 

Поврзани вести

Back to top button