F1 шампионот Нико Розберг е нов бренд амбасадор на Continental
Две големи имиња од светот на мобилноста, F1 шампионот Нико Розберг и компанијата Continental ги здружуваат своите сили со цел да создадат ново партнерство
Светскиот Formula 1 шампион од 2016 година, а денес успешен претприемач, Нико Розберг, станува нов бренд амбасадор за прославениот производител на пневматици, Continental.
„Нико Розберг и Continental се совршена комбинација. Розберг достигна големи успеси во мотоспортот, претставува персонификација за елитни возачки перформанси и ја прикажува својата посветеност кон заштита на околината. Од друга страна, Continental, како водечки развивач и производител на премиум пневматици, поставува стандарди за максимална безбедност и врвни перформанси во сите возачки ситуации“, вели Филип фон Хиршхејт, шефот на Business Unit Replacement Tires.
Причината за ова партнерство е тоа што Continental започнува нова, ригорозна стратегија за одржливост, а притоа го предводи патот кон развој на технолошки решенија кои се компатибилни со околината. Од Continental најавуваат дека имаат исклучително возбудливи цели кога станува збор за карбон-неутралностас и одржливите бизнис практики.
Од друга страна, Нико Розберг не го криеше своето задоволство што има можност да соработува со новите партнери.
„Continental кој ги става одржливоста, технологијата и безбедноста во срцето на она што го работат. Исто како и јас, Continental е силно посветен во овозможувањето на одржлива мобилност. Развојот и иновацијата во секторот на пневматици се елементарни за сето ова. Ги гледам овие споделени вредности како базата на нашата соработка“, изјави некогашниот F1 првак.
Extreme E
Пример за тоа колку добро новите партнери си одговараат, можеше да се забележи за време на првиот викенд во април оваа година во пустината во Саудиска Арабија. Во инаугуралниот настан од новата Extreme тркачка серија, Rosberg Xtreme Racing тимот успеа да слави победа со пневматици снабдени токму од Continental, еден од главните спонзори на Extreme E. Овие „оф-роуд“ трки се одржуваат на различни локации во светот со специјално развиени електрични автомобили. Со својот фокус кон одржливоста, Extreme E исто така е создаден да го привлече вниманието на ефектите од климатските промени. Нико Розберг, со неговиот нов тркачки тим Rosberg X Racing и Continental, како еден од главните спонзори на серијата и развивач на „оф-роуд“ пневматици кои ги користат сите тимови во овој шампионат, се меѓу оние кои најмногу го поддржуваат Extreme E.
Покрај шампионската титула во Formula 1, Нико Розберг успеа да собере и голем број други награди поради неговата посветеност, а исто така е еден од двигателите на транзицијата кон одржливи мобилни решенија и технологии кои се пријателски за околината.
Овој вид на посветеност за зацврстување на мерките кои промовираат одржлива мобилност е уште еден аспект кој ги здружува Нико Розберг и Continental во нивното ново партнерство. Како дел од соработката, Continental ќе насочи значителна инвестиција во истражувањето и развојот насочена кон тоа производството на сите свои пневматици да биде карбон-неутрално до 2040 година. Компанијата веќе е индустриски лидер во ефикасното користење на ресурсите и се насочува кон тоа да го намали користењето на вода и енергија во своите производствени активности за дополнителни 20 проценти до 2030 година.
Инаку, за сите оние кои се заинтересирани, сите најнови модели на Continental пневматиците можат да се најдат во Мотоцентар, кој е официјален претставник на реномираната компанија во нашата земја.