fbpx

Nissan направи робот за обележување на фудбалско игралиште

За време на последниот меч од финалето од Лигата на шампионите во фудбал во Киев, меѓу Реал (Мадрид) и Ливерпул - 3:1, Nissan(во својство на партнер) претстави чист фудбалски изум – автоматски апарат за обележување на теренот

NissanРоботот Nissan Pitch-R е опремен со систем за комплетен преглед на теренот преку четири камери, сателитски GPS конекција, како и функција за избегнување на судир со други објекти. Pitch-R е во можност да ги исцрта контурите на 5,7 или 11 фудбалски игралишта. Целиот процес трае не повеќе од 20 минути. Апаратот носи растворлива боја која е сосема безопасна за животната средина. Nissan Pitch-R може да нацрта линии на обична трева, асфалт и земја.

Програмите во роботот се идентични со системот за полуавтоматско управување ProPilot, обновена верзија, која дебитираше на новите модели на Nissan.

Поврзани вести

Back to top button