НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Nissan со специјална изведба на Titan за црвен крст

Американската поделба на Nissan претстави уникатна верзија на пикапот Titan развиена со идејата да биде автомобил за екстремно спасување со која можат да располагаат екипите на Црвениот крст.

За развој на својот единствен автомобил кој ќе биде дониран на Црвениот крст, од Nissan се обложуваат на верзијата Titan XD Diesel Midnight Edition Crew Cab кој сепак помина низ исклучително сериозна програма за доработка и персонализација.

Со кабина со капацитет за пет лица, единствениот Titan на Nissan е опремен со пет литарски во V облик мотор на Cummins

Уникатниот Nissan Titan има специјално доработена суспензија и специјални гуми, преграда за брза помош, која по потреба може да биде употребена и како место за засолниште и одмор, генератор на соларни панели, модул за интернет конекција, комплетна опрема за укажување на прва помош, зголемен за 75 литри резервоар (284 литри), мобилна кујна со микробранова, мијалник, фрижидер, дополнителен систем за осветлување и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close