Ниту EICMA не издржа, откажано годинешното издание во Милано

Ниту мото индустријата не е имуна на пандемијата на коронавирусот, а по откажувањето на INTERMOT, оваа година нема да се одржи ниту EICMA во Милано

Пандемијата на коронавирусот го зема својот данок, поради што се откажуваат голем број автомобилски манифестации ширум светот. Но, ниту мото индустријата не останува незафатена од сето ова. Откако најпрво беше откажано годинешното издание на INTERMOT саемот, пристигна соопштение дека оваа година нема да се одржи ниту EICMA Салонот во Милано.

Причината за ова секако е глобалната пандемија на новиот коронавирус, но и фактот дека голем број брендови веќе најавија дека нема да учествуваат на настаните во текот на 2020 година. Како што порачуваат организаторите на EICMA, целта е да се обезбедат услови за Салонот да се одржи следната година без никакви проблеми.

Директорот на саемот Паоло Магри изјави дека одлуката е донесена заедно со сите релевантни фактори. „Значењето и историјата на EICMA Салонот не ни дозволуваат да си играме со актуелната здравствена криза. Како општествено одговорен настан, моравме да ги заштитиме нашите изложувачи и посетители, па така, за жал, откажувањето на Салонот беше единствениот логичен потег.

EICMA се насочува кон идната година

Секој кој некогаш присуствувал на EICMA во Милано запознаен е со тоа колку изложбените хали на Салонот се посетувани и колкава маса на народ пристигнува да ги види најновите производи на најпознатите светски производители на мотоцикли. Поради потешкотиите да се применат мерките за социјално дистанцирање, а и високиот ризик за пренесување на вирусот, беше тешко е да се одржи годинешното издание на Салонот за мотоцикли.

По бројните претставувања и премиери преку дигиталните канали кои ги имавме во последните неколку месеци, јасно се поставува прашањето каква ќе биде иднината на големите манифестации меѓу кои и EICMA во светот на автомобилизмот и мотоциклите. Производителите би можеле целосно да се насочат кон други начини на промоции на своите креации и поради големите трошоци кои доаѓаат сами по себе со присуството на големите Салони. Годинешното издание на EICMA требаше да се одржи од 3 до 8 ноември во Fiera Milano. Следното издание на Салонот за мотоцикли во Милано е закажано за 11 до 14 ноември 2021 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close