BMW откри уште детали од новото M5 Компанијата

BMW официјално објави нови детали за новата генерација на M5, што ќе биде претставена официјално до крајот на годината

BMW официјално објави нови детали за новата генерација на M5, што ќе биде претставена официјално до крајот на годината. Баварците објавија и видео во кое прототип за тестови е покриен со камуфлажа. Меѓу другото Баварците откриваат дека новото BMW M5 ќе добие 4.4-литарски бензински мотор кој значително ќе е подобар од претходникот. Агрегатот ќе работи во комбинација со 8-степен менувач M Steptronic со функција Drivelogic и систем за погон на четири тркала M xDrive.

– Главниот дел од системот M xDrive е централен блок од програмски софтвер, кој го контролира возилото како при движење напред, така и при „лизгање“ настрана. Тоа значи дека во новото BMW M5 ќе дебитира една уникатна технологија која комбинира спортски карактеристики од погонот на задните тркала со ефикасноста на системот 4×4, објасни шефот на BMW M GmbH, Франк Ван Мил.

При активирање на системите за динамична контола на отпорноста DSC, возачот има на располагање три режими – 4WD, 4WD Sport и 2WD. При првиот системот M xDrive се прилагодува на таков начин што обезбедува оптимална управливост. Во режим 4WD Sport технологијата ги активира спортските поставки, а при 2WD префрла се на задните тркала и спортскиот диференцијал. Автомобилот е изграден на скратена платформа на BMW 7, благодарение на која е значително полесен од сегашната генерација.

А објавеното видео потврдува повеќе од карактеристиките на моделот, за кои веќе се знаеше. Моќноста на моторот ќе се зголеми од сегашните 560 КС на 600 КС и 700 Nm. Ова ќе овозможи забрзување од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди. Просечната потрошувачка на гориво ќе биде 10,5 l /100 km. Продажбата на новата BMW M5 ќе стартуваат веднаш по премиерата на моделот на салонот во Франкфурт. Главниот конкурент на спортскиот седан ќе биде Mercedes-AMG E63.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close