fbpx

Норвешка воведува „данок Tesla “

Нацрт-буџетот на Норвешка за 2018 година вклучува нова такса за електрични возила, кој локалните новинари брзо го крстија „данок Tesla"

Со него ќе се оданочуваат електрични возила со тежина над 2,5 тони. Што значи дека ќе влијае претежно на сопственици на Model S и Model X на Tesla.

Деталите за новиот данок сеуште не се знаат, но неофицијални информации велат дека за најлесната верзија на Model S 75D ќе се плаќаат околу 7.000 норвешки круни (€ 747), а за топ верзијата P100D и Model X – 70.000 (€ 74.700). Најевтиниот Тесла Модел 3 ќе го избегне даночниот рез, бидејки тежи помалку од 2 тони.

Tesla


Tesla

„Данокот Tesla” веднаш предизвика незадоволството на норвешката автомобилистичка федерација (NAF). Според NAF, неговото воведување ќе ја спречи реализацијата на програмата за намалување на штетните гасови до 2025 година. Од организацијата стравуваат исто дека купувањето на електромобил ќе стане неповолно.

Tesla

Во јуни 2016 година Dagens Næringsliv објави дека норвешките власти планираат да ги забранат автомобилите со мотори со внатрешно согорување до 2025-та. Во август, процентот на електрични возила и plug-in хибриди во земјата достигна 35%. Tesla Model X и Model S се на осмото, односно 15-то место на листата на најдобро продаваните автомобили во Норвешка.

Поврзани вести

Back to top button