fbpx

Новиот кросовер на Škoda ќе се вика Kosmiq

Чешкиот производител Škoda го регистрирал трговското име Kosmiq. Досега, компанијата не кажува кој модел ќе биде понуден, но според досегашните информации, тоа ќе биде идниот компактен кросовер на брендот.

Моделот се очекува да се приближи до Volkswagen T-Cross. Називот Kosmiq идеално се вклопува во спектарот на кросовери на компанијата од Млада Болеслав, која до сега ги вклучува моделите Kamiq, Karoq и Kodiaq.

Идниот кросовер ќе биде копија во голема мера на концептот  Škoda Vision X прикажан на автосалонот во Париз оваа есен. Нејзината премиера ќе се одржи на изложбата во Женева напролет, а сериското производство ќе започне летото 2019 година.

Компактниот SUV ќе биде изграден на платформата MQB A0 и ќе добие стандардни единици за моќ што ќе ги користат автомобилите на Škoda и Volkswagen. Тоа се бензински и дизел мотори со волумен од 1.0 до 1.6 литри.

Поврзани вести

Back to top button