fbpx

Нов рекорд за Батон и Civic Type R

Светскиот шампион во Formula 1 за 2009 година, Џенсон Батон забележа нов рекорд на легендарната рута „Маунт Панорама“ во Австралија но, овој пат зад воланот на Honda Civic Type R

Британецот, кој е пилот на Honda во јапонскиот Super GT шампионат го собори рекордот за сериски погон на предните тркала. „Маунт Панорама“ е најпознатата австралиска патека, долга е 6,213 километри, има 23 свиоци и се смета за една од најтешките патеки во светот.

Џенсон постигна време од 2.35,207 минути во рекордниот круг, а тоа е втор рекорд за него на оваа патека. Тој е носител и на најбрзиот неофицијален круг на патеката – 1.48,8 минути, постигнат со болидот од Formula 1 McLaren MP4-23 во 2011 година.

„Со било кој автомобил на оваа патека се стекнува големо искуство“, објасни Батон. „Мислам дека постигнавме добар резултат со автомобилот, а исто така, мислам и дека успеав да го извлечам максималниот потенцијал на колата”.

За споредба – рекордот на патеката од најпопуларниот австралиски шампионат Supercar е на актуелниот шампион Скот Маклоклoн, кој во 2017 година во финалниот дел на квалификациите постигна 2.03,831 минути со својот Ford Falcon со 5-литарски V8 мотор.

Рекордот на Батон е дел од проектот Type R Challenge, во рамките на кои пилоти на Honda напаѓаат рекорди на некои од најпознатите патеки во светот со сериски автомобили.

Минатата година Батон го подобри рекордот и на Хунгароринг, а другите достигнувања од проектот вклучуваат рекордни тури на Тиаго Монтеиро на Есторил, на Мет Нил на Силверстоун, на Бертран Багет на Спа и на Естебан Гереро на Маникур.

Батон

Поврзани вести

Back to top button